Архива на Известувања

Практичниот дел од испитите „Основи на клиничка и лабораториска дијагностика“ и „Внатрешни болести кај преживни животни“, ќе се одржи во Петок на 31.01.2014 год. со почеток од 10:00 часот на краварската фарма „Факултетско стопанство“, с.Трубарево.

Сите студенти кои сакаат да го полагаат практичниот дел од испитите треба да се пријават кај предметниот асистент Игор Џаџовски на e-mail: igordz@fvm.ukim.edu.mk, најдоцна до 30.01.2014 год.

Континуираната проверка по предметот Ветеринарна епидемиологија ќе се одржи на 21 јануари (вторник), во 13 часот. Студентите кои планираат да полагаат да се пријават кај предметниот асистент најдоцна еден ден порано (до 20 јануари).

Пријавувањето е лично или преку e-mail ( krstevski@fvm.ukim.edu.mk)

Им се соопштува на студентите кои ќе го полагаат колоквиумот по предметот Внатрешни болести кај непреживни животни дека истиот во декемврискиот рок ќе се одржи на ден 19.12 со почеток во 11 час., пред Универзитетската ветеринарна болница. Консултациите ќе се одржат на ден 16.12 во 11 час.

Им се соопштува на студентите кои ќе го полагаат испитот по предметот Внатрешни болести кај непреживни животни дека истиот во декемврискиот рок ќе се одржи на ден 24.12 со почеток во 11.00 часот, пред канцеларијата на доцентот.

Забелешка: студентите кои ќе го полагаат колоквиумот и испитот задолжително треба да го достават индексот еден ден претходно. Студентите кои ќе полагаат колоквиум задолжитено со себе треба да носат мантил, стетоскоп и топломер.