Архива на Известувања

Се известуваат професорите, соработниците и студентите на Факултетот за ветеринарна медицина дека во академската 2018/2019 година преку програмата за размена на професори, соработници и студенти – CEEPUS, може да конкурираат на Факултетите за ветеринарна медицина за следните места:

  • Загреб – 1 професор –1 месец
  • Загреб – 1 студент – 3 месеци
  • Загреб – 2 студенти –1 месец
  • Белград – 1 студент – 1 месец
  • Будимпешта – 1 студент – 1 месец
  • Љубљана – 1 студент – 3 месеци
  • Сараево – 1 студент – 1 месец
  • Виена – 1 студент – 1 месец

Сите заинтересирани може да аплицираат до 15.06.2018 на http://www.ceepus.info/

За подетални информации може да се обратат кај Продеканот за наука и меѓународна соработка.

Соопштението можете да го видите тука.

 

Координатор за CEEPUS

Продекан за наука и меѓународна соработка

         Проф. д-р Зехра Хајрулаи – Муслиу

Во периодот од 03-05 мај 2018 година беше оддржан ,,20-ти Интернационален Научно Истражувачки Ветеринарно Медицински Конгрес за студенти” при Факултетот за ветеринарна медицина во Истанбул, Турција, од страна на 3 студенти на Факултетот за ветеринарна медицина во Скопје. Димитар Божиновски, Лина Накевска и Сандра Ташковска беа студентите кои го претставија ФВМ-С со орални презентации од области на анатомија, патофизиологија и благосостојба на домашните животни и тоа:

  • Димитар Божиновски (студент од петта година): “Interpretationn of computer tomography (CT) split images using S10 thin-plastinated anima model” под менторство на: проф. д-р Лазо Пендовски и проф. д-р Влатко Илески од катедрата за Анатомија на домашните животни.
  • Лина Накевска (студент од петта година): “Multimodal Management Aproach in Assaf Sheep Breeding” под менторство на: проф д-р. Игор Улчар и доц. д-р Ирена Целеска од катедрата за Патофизиологија.
  • Сандра Ташковска (студент од втора година): “Circardian behavioral rhytm of dairy cows in loose housing system” под менторство на: проф. д-р Влатко Илески и доц. д-р Мирослав Радевски од катедрата за Благосостојба на домашните животни.

Студентите успешно ги реализираа своите проекти, со што стекнаа искуство на презентирање и презентирачки вештини на повисоко ниво пред јавен и интернационален публицитет, со што одлично го покажаа својот интелектуален капацитет во пишување на абстракти, истражување и изработување на научни трудови, кои ќе им овозможуваат и олеснуваат во работата за понатамошните предизвици.  Пред се, стекнати се контакти од останатите Факултетите за ветеринарна медицина во меѓународните кругови, разменети се контакти и видлива е амбицијата за понатамошна соработка

Почитувани љубители на животни и драги сопственици на домашни миленици! Со радост ве покануваме заеднички да одбележиме ДЕНОВИ НА ВАШЕТО МИЛЕНИЧЕ во сабота – 12.05.2018, во Градски парк (Школка)! Факултетот за Ветеринарна медицина – Скопје заедно со студентската организација IVSA Македонија и град Скопје, Ви подготви многубројни активности за Вас и Вашите миленичиња! Повелете заедно да се информираме и научиме за правилна грижа на Вашите верни пријатели и како до среќно и здраво милениче!

Заверката на летниот семестар во учебната 2017/2018 година ќе биде од 21-25.05.2018 година.

Потребни документи за заверка се:

  1. Индекс со сите собрани потписи од предметните професори за тековниот семестар
  2. Пополнет формулар за заверка на семестарот со уплатница за административна такса од 50 денари.

 

Продекан за настава

                                                                                                      проф. д-р Игор Улчар

На 5.5.2018 година од 10:00 до 17:00 часот се организира отворен ден на Универзитетот „Св Кирил и Методиј“.

Централниот настан е предвиден на Кампусот на техничките факултети, каде што ќе бидат сместени штандовите на факултетите. И оваа година ФВМ-С е дел од настанот.

Посетителите ќе имаат можност непосредно, во разговор со наставниот кадар и со студентите, да се запознаат со дејноста на најстарата високообразовна институција во нашата земја, како и со нејзината долга традиција, мисија и визија. Во изложбените простори се предвидени разновидни презентации на активностите и проектите на наставниците и студентите, изложба на богатата научна дејност на Универзитетот: монографии, учебници, преводи и научни списанија.

Покрај тоа ќе има и голем број на забавни содржини и музичка програма со почеток од 10 ч.

Денот е наменет за средношколците од средните училишта во Р. Македонија, но и убава можност за сите оние кои сакаат да дознаат нешто повеќе за програмите на постдипломските и докторските студии на Универзитетот.

Почитувани клиенти, Ве известуваме дека Универзитетската ветеринарна болница, при ФВМ Скопје, почнува со работа од денес, 23.04.2018 (понеделник) со редовно работно време.

Се извинуваме за задоцнувањето и благодарни сме за вашето разбирање.

 

Со почит,

Универзитетска ветеринарна болница

Јавна одбрана на дипломскиот труд под наслов: Интерпретација на хипотироидизам преку тироиден профил и биохемиски статус кај кучиња со применет тераписки протокол, изработен од Маријана Митаноска, број на индекс 1169, на ден 27.04.2018 година во 13 часот, во просториите на предавална 2. Јавната одбрана ќе се изврши пред Комисијата во состав:

  1. доц. д-р Ирена Целеска (ментор)
  2. проф. д-р Игор Улчар (член)
  3. проф. д-р Ромел Велев (член)

Одлуката и известувањето можете да ги погледнете тука.

Јавна одбрана на дипломскиот труд под наслов: Современи ихтиосанитарни мерки во размножувањето на Виножитната пастрмка (Oncorhynchus mykiss Walbaum, 1792), изработен од Мирослав Јовановски, број на индекс 1172, на ден 25.04.2018 во 12.30 часот, во просториите на предавална 2. Јавната одбрана ќе се изврши пред Комисијата во состав:

  1. проф. д-р Мишо Христовски (ментор)
  2. проф. д-р Владимир Петков (член)
  3. проф. д-р Ромел Велев (член)

Одлуката и известувањето можете да ги погледнете тука.

Се известуваат студентите дека рокот за пријавување на Конкурсот за ЕРАЗМУС+ студентска летна пракса/стажирање за 2017-2018 год. е продолжен до 30.04.2018.

За подетални информации кликнете тука.

Јавна одбрана на дипломскиот труд под наслов: Промени на лабораториски параметри при акутна и хронична бубрежна инсуфициенција кај кучиња, изработен од Стефани Зориќ, број на индекс 1199, на ден 19.04.2018 година во 13.30 часот, во просториите на предавална 2. Јавната одбрана ќе се изврши пред Комисијата во состав:

  1. доц. д-р Ирена Целеска (ментор)
  2. проф. д-р Игор Улчар (член)
  3. научен соработник д-р Катерина Благоевска (член)

Одлуката и известувањето можете да ги погледнете тука.