Архива на Известувања

Се известуваат студентите дека пријавувањето на испити за мајско – јунската сесија ќе трае од 23.04.-30.04.2018 година.

За да се пријави испит потребно е  Пријава за испитот ( се купува во книжара) и уплатница  од 50 денари (уплатена во банка или пошта) за секоја пријава.

 

Пример

со цел на дознака За Административна такса (образец пп50)

Назив на примач – Буџет на РМ – ФВМ-Скопје

Банка на примач – НБРМ

сметка 100000000063095

Износ 50 денари

уплатна сметка  840 177 03161

Приходна шифра и програма  722313

 

Ве моламе навремено да ги доставите пријавите.

Соопштението можете да го превземете тука.

Почитувани клиенти, заради неопходни градежни активности, Ве известуваме дека Универзитетската ветеринарна болница, при ФВМ – Скопје, нема да работи во периодот од 10-16.04.2018 година. За сите дополнителни информации, слободно контактирајте не на нашите телефонски броеви 02/3240-785 и 071/269-471.

Ви благодариме за разбирањето.

 

Со почит,

Универзитетска ветеринарна болница

Јавна одбрана на дипломскиот труд под наслов: Работа на преджелудници кај говедата, изработен од Мила Митровска, број на индекс 1216, на ден 04.04.2018 година во 13 часот, во просториите на предавална 2. Јавната одбрана ќе се изврши пред Комисијата во состав:

  1. проф. д-р Владимир Петков (ментор)
  2. проф. д-р Флорина Поповска-Перчиниќ (член)
  3. доц. д-р Бранко Атанасов (член)

Одлуката и известувањето можете да ги погледнете тука.

Се извесатуваат студентите од ФВМ-С дека во периодот од 03-05 Мај 2018 година ќе се одржи 20-тиот Интернационален Научно-истражувачки Конгрес на студентите по ветеринарна медицина, во Истанбул Р. Турција. ФВМ-С ќе учествува со тројца студенти чии што истражувања ќе бидат под менторство на професорите од ФВМ-С.

Сите заинтересирани студенти со предлог за ментор да се пријават кај продеканот за наука и меѓународна соработка. Датумот за поднесување на абстрактот е 20 март 2018 година.

Подетални информации за конгресот може да се видат тука.

Соопштението можете да го видите тука.

Јавна одбрана на дипломскиот труд под наслов: Инструментално осеменување на пчелни матици како метод за високи приноси и контрола на болести во пчеларството, изработен од Бојан Смиљанов, број на индекс 1177, на ден 19.03.2018 година во 14 часот, во просториите на предавална 2. Јавната одбрана ќе се изврши пред Комисијата во состав:

  1. проф. д-р Мишо Христовски (ментор)
  2. проф. д-р Тони Довенски (член)
  3. проф. д-р Владимир Петков (член)

Одлуката и известувањето можете да ги погледнете тука.

Се известуваат студентите и докторандите на Факултетот за ветеринарна медицина дека академската 2017/2018 година преку програмата за размена на професори, соработници и студенти – CEEPUS, се организира Летна школа за „Poultry Health and Nutrition“ од страна на Универзитетот за ветеринарна медицина во Виена, Австрија. Летната школа ќе се одржи од 29.08.2018 до 01.09.2018 година..

Сите заинтересирани студенти и докторанди за подетални информации треба да се обратат кај CEEPUS – кординаторот проф. д-р Зехра Хајрулаи-Муслиу.

Документите можете да ги погледате тука:

  1. CEEPUS – Летна школа
  2. CEPI_II_Summer_School_Invitation_final

Се известуваат студентите на Факултетот за ветеринарна медицина дека академската 2017/2018 година преку програмата за размена на професори, соработници и студенти – CEEPUS, се организира „Летна школа за ЗООНОЗИ“ од страна на Факултетот за ветеринарна медицина во Загреб. Летната школа ќе се одржи од 29.04.2018 до 04.05.2018 година во Дубровник, Р. Хрватска.

Повеќе детали за Летната школа може да се видат на www.vef.unizg.hf/szd2018

Сите заинтересирани студенти за подетални информации треба да се обратат кај Продеканот за наука и меѓународна соработка.

Документите можете да ги погледате тука:
1. Допис од ФВМ-С
2. Покана од Дубровник
3. Брошура

Распоредот за предавањата и вежбите на Факултетот за ветеринарна медицина – Скопје во летен семестар за академската 2017/2018 година можете да го погледате тука.

Се известуваат студентите дека заверката на предметите од зимскиот и запишувањето на предметите од летниот семестар за учебната 2017/2018 година ќе  биде во следниот термин од 24 јануари до 31 јануари 2018 година.

Доколку студентот задоцни со заверка и упис  на семестарот, истиот ќе може да го завери и запише и подоцна, но со казнена уплатница од 5оо денари на сметка на ФВМ – Скопје.

Заверката на зимскиот семестар во индекс може да остварат студентите кои ги добиле потписите од предметните професори од предметите кои ги ислушале.

Студентите кои ќе немаат заверен семестар поради неостварен потпис во индекс од предметниот професор,немаат право да запишат нов семестар и ќе мораат да го презапишат предметот со неостварен потпис во наредниот упис на зимски семестар.

Студентите што заверуваат XI семестар, а ќе имаат неположени предмети, во наредниот летен период ги презапишуваат неположените предмети од минатите летни ислушани семестри. Исто така, во наредниот зимски семстар ќе треба да ги презапишат (доколку имаат) заостанати неположени предмети од зимските ислушани семестри.

Студентите од прва година т.е.  што беа први 10 на ранг листата што беа ослободени од надоместок за студирање се ослободени од надоместок и во  летниот семестар, но се останато мора да приложат.

 Документи потребни за заверка на зимскиот и упис на летниот семстар во 2017/2018 година:

Индекс со сите потребни потписи од сите ислушани предмети

Образец за заверка на семестар(пополнет) и уплатена уплатница(во банка)  за администартивна такса од 50 денари

Образец за запишување на семестар(пополнет) и уплатница уплатена (во банка)  за административна такса од 50 денари

Уплатница за надомест за студирање во зависност дали сте запишани во државна квота (100ЕУ)  или со кофинансирање на студиите(200 EУ) на сметка на ФВМ Скопје( во денарска противвредност).

За студентите кои презапишуваат предмети надоместот за студирање изнесува 25 ЕУ во денарска против вредност на сметка на ФВМ Скопје.

 

Пример како се пополнува уплатница ПП50

Цел на дознака  Надомест за студирање за ? семестар.

Назив и седиште на примач:  Буџет на РМ, ФВМ Ск.

Банка на примач:  НБРМ

Трансакциска сметка:  1.000.000.000.63095

Износ во денари: (100 еу или 200 еу или 25 еу) во денарска противвредност

Сметка на корисник:  1600104561 788 15

Приходна шифра и програма:  723012 41

 

Цел на дознака: Административна такса

Назив и седиште на примач: Трезорска сметка, Буџет на РМ

Банка на примач:  НБРМ

Трансакциска сметка:  1.000.000.000.63095

Износ во денари: 50 денари

Уплатна сметка:  840 ??? 03161

Приходна шифра и програма:  722313 00

Напомена: Студентите  кои треба да отслушаат предмет поради неостварено право на потпис, истиот го презапишуваат предметот према Ценовникот на ФВМ Скопје  за предметна програма за додипломски студии. Презапишаниот неотслушан предмет, студентот наставата е должен да ја прати во соодветниот семестар за да оствари право на потпис, односно за да може да го завери соодветниот семестар.

Напомена: Сите студенти во прва година мора да имаат печат од систематски преглед во индексот, во спротивно нема да можат да запишат семестар.

Сите студенти при уписот на семестарот ќе треба да пополнат и анкетен лист.

Известување за правилно пополнети индекси Летен Семестар – 1 година (2 Семестар)

Известување за правилно пополнети индекси Летен Семестар – 2 година (4 Семестар)

Известување за правилно пополнети индекси Летен Семестар – 3 година (6 Семестар)

Известување за правилно пополнети индекси Летен Семестар – 4 година (8 Семестар)

Известување за правилно пополнети индекси Летен Семестар – 5 година (10 Семестар)

Соопштението можете да го видите тука.

Испитот по предметот Општа патологија ќе се одржи на 24.01.2018 god. со почеток во 10.оо часот.

Испитот по предметот СПЕЦИЈАЛНА ПАТОЛОШКА МОРФОЛОГИЈА ќе се одржи на 25.01.2018 год. со почеток во 10.оо часот.

Испитот по предметот СУДСКА ВЕТЕРИНАРНА МЕДИЦИНА ќе се одржи на 26.01.2018 год. со почеток во 10.оо часот.

Реколоквирање по предметите Општа патологија, Специјална патолошка морфологија и  Судска ветеринарна медицина ќе се одржи на 17.01.2018 год. во 11:00 часот во предавална бр.2 (амфитеатар).

Студентите се должни да се пријават за реколоквирање најдоцна до 15.01.2018 год.