Архива на Известувања

Во периодот 3-4.10.2018 година во организација на Факултетот за ветеринарна медицина – Скопје, а во рамките на COST акцијата CА16106 Ammonia and Greenhouse Gases Emissions from Animal Production Buildings (LivAGE) ќе се одржи 3-таКонференција “LINKAGE OF RESEARCH AND APPLICATIONS OF MITIGATION TECHNIQUES во хотелот Бест Вестерн во Скопје (http://cost-livage.eu/3rd-livage-conference/). Покрај претставниците од ФВМ-С, учесници во оваа акција, на конференцијата ќе земат учество околу 40 експерти од повеќе земји во Европа. Главна цел на LivAGE акцијата е да ја подобри меѓународната соработка за размена на идеи и знаења, размена на добри практики, проценка на технологиите кои можат да доведат до намалување на емисиите на стакленичките гасови и амонијакот од објектите за домашни животни и на тој начин да доведе до одржлива продукција на домашните животни која ќе води сметка за животната средина.

Програмата на конференцијата можете да ја погледнете овде.

Се известуваат професорите, соработниците и студентите на ФВМ-С дека во академската 2018-2019 година преку програмата за размена на професори, соработници и студенти – CEEPUS, може да конкурираат на Факултетите за ветеринарна медицина наведени во соопштението кое може да го видите тука.

Се известуваат студентите од прва година дека на 01.10.2018 година (понеделник) во 12:00 часот во амфитеатарот (предавална 2) на Факултетот за ветеринарна медицина – Скопје ќе се одржи првиот академски час на кој Деканот, проф. д-р Лазо Пендовски, свечено ќе ги додели индексите.

Соопштените можете да го видите овде.

Запишувањето на примените кандидати ќе биде на 28.09.2018 година.

  1. Индекс и Студентска легитимација (се купуваат во книжара)
  2. Формулар за упис на семестар и Статистички лист (се купуваат во книжара)
  3. Уплатницa со цел на дознака За административна такса ( пп50) ( се уплатува во банка)

Назив на примач – Буџет на РМ – ФВМ-Скопје

Банка на примач – НБРМ

Сметка 100000000063095

Износ 50 денари

Уплатна сметка  840 177 03161

Приходна шифра и програма  722313

4.Три фотографии ( две фотографии со димензии 3,5*4,5 и една со димензија 2*3)

5.Уплатница со цел на дознака ИКСА на УКИМ ФВМС–Скопје (пп50) (информативни, информатички, културни и спортски активности на студентите на Универзитетот Св. Кирил и Методиј  во Скопје)

Назив на примач  Буџет на РМ – УКИМ – Скопје

Банка на примач НБРМ

Сметка 100000000063095

Износ 750 денари

Сметка на буџетски корисни единка 1600103689 788 18

Приходна шифра и програма 723012 41

6.Уплатница со цел на дознака Надоместок за студирање за прв семестар (пп50)

Задолжително да стои Име и Презиме на студентот со ЕМБГ

Назив на примач – Факултет за ветеринарна медицина – Скопје

Банка на примач – НБРМ

Сметка 100000000063095

Износ 100 Евра во денарска противвредност на денот кога се уплатува

Сметка на буџетски корисник единка 1600104561 788 15

Приходна шифра и програма 723012 41

Напомена: Во цел на дознака задолжително да се наведе за кој семестар се уплатува, во спротивно ќе се враќааат уплатниците.

  1. Уплатница со цел на дознака Книжен фонд (пп50)

Назив на примач   Факултет за ветеринарна медицина – Скопје

Банка на примач – НБРМ

Сметка 100000000063095

Износ 300 денари

Сметка на буџетски корисник единка 1600104561 788 15

Приходна шифра и програма 723012 41

8.Уплатница со цел на дознака Персонално осигурување (пп10)

Задолжително да стои Име и Презиме на студентот со ЕМБГ

Назив и седиште на примач ТРИГЛАВ ОСИГУРУВАЊЕ АД СКОПЈЕ

Банка на примач- Комерцијална банка – Скопје

Трансакциска сметка 300000000915910

Износ 200 денари

Документот можете да го превземете тука.

Трет уписен рок за студенти на ФВМ-С во учебната 2018/2019 година.

На Факултетот за ветеринарна медицина – Скопје, во ТРЕТИОТ уписен рок има слободни места за 13 студенти во редовна квота и 15 студенти со кофинасирање.

При прјавувањето за запишување на кандидатите на Факултетот за ветеринарна медицина во Скопје, кандидатите ги поднесуваат следните документи во следните рокови.

Пријавувањето на кандидатите во вториот уписен рок е на 24.09.2018 година од 09-14 ч.

Пријавувањето со документи ќе се врши во Службата за  Студентски прашања, но претходно кандидатите треба  да се електронски пријавени во IKNOW системот со целосно поплнети податоци што им се бараат на линкот даден подолу

https://www.upisi.ukim.mk/Account/Login.aspx?ReturnUrl=%2f

Информациите се истакнати  и на страницата на Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” во Скопје

http://www.ukim.edu.mk/mk_content.php?meni=186&glavno=40

и на страницата на Факултетот за ветеринарна медицина во Скопје

http://fvm.ukim.edu.mk/

Потребни документи за пријавување се:

-пријава за запишување( образец А1,се купува во книжара),со уплатница уплатена во банка од 50 денари

со цел на дознака за Aдминистративна такса  на образец  ПП 50

Буџет на РМ

Трезорска сметка 1.000.000.000.63095

Банка: НРБМ

50 денари

Уплатна сметка  840 177 03161

Приходна шифра и програма  722313  00

  • електронска пријава (испечатена од IKNOW системот )
  • оригинални свидетелства од сите класови
  • документ за положена државна матура (оригинално свидетелство за завршено средно образование)
  • извод од матичната книга на родените
  • доказ за државјанство на РМ ( уверение или решение )
  • потврда за уплата на 300 денари на жиро – сметката на Факултетот за ветеринарна медицина во Скопје образец ПП 50 (на уплатницата задолжително да има Име и Презиме и ЕМБГ на апликантот)

Примач: Факултет за ветеринарна медицина во Скопје

Банка: НБРМ

Трезорска сметка: 1.000.000.000.63095

износ: 300 денари

Сметка на буџетски корисник единка: 1600104561  788   15

приходна шифра и програма: 723012   41

Цел на дознака: за студиски програми за кои не се врши проверка на знаењата и умеењата

–  лична карта или пасош ( документ за идентификација на кандидатот)

Кандидатите кои конкурираат согласно со Правилникот за начинот на проверка на основните критериуми и запишување во квоти на студентите чие родителско право го врши само еден родител, како и посебните критериуми
за остварување на ова право, ги поднесуваат и документите наведени во член 4 и член 5 од истиот Правилник (Конкурсот на УКИМ):
За материјалните можности:
– потврди за остварена плата на вработените членови на семејството за месец јуни од тековната година или доколку за овој месец не е исплатена плата, да се достави потврда за последната исплатена плата;
– за корисници на социјална помош се доставува последно решение/потврда од центарот за социјални работи;
– за пензионираните членови на семејството се доставува документ за висина на пензија и – пресуда од надлежен суд со утврдена законска издршка за кандидат и истата се смета како месечен приход.

За посебните критериуми:
– уверение за државјанство на Република Македонија,
– извод од матичната книга на родените за кандидатот,
– за родител на кој му е одземено родителското право – решение од надлежен суд и/или
– за починат родител – извод од матичната книга на умрените.
Правото од претходниот став кандидатите го остваруваат при пријавувањето, со документ. Дополнително доставување документ за кандидатите кои се запишуваат во прва година не се зема предвид.

Припадниците на безбедносните сили и други категории на лица утврдени со Законот за посебните права на припадниците на безбедносните сили на Република Македонија и членовите на нивните семејства, како и лицата утврдени со одредбата од чл. 23 од истиот Закон (Сл. весник на РМ бр. 2/02, 17/03, 30/04 и 66/07), во учебната 2018/2019, ќе се запишуваат надвор од државната квота без плаќање партиципација, односно кофинансирање, под услови за запишување утврдени во овој Конкурс, а нивниот број може да изнесува најмногу до 10% од вкупниот број студенти на соодветната студиска програма.

Правото од претходниот став кандидатите го остваруваат при пријавувањето, со документ од Министерството за одбрана или од Министерството за внатрешни работи. Дополнително доставување документ за кандидатите кои се запишуваат во прва година не се зема предвид.

Забелешка: Бидејќи пријавувањето се врши со оригинални документи, се препорачува кандидатите претходно да направат преписи од документите за свои потреби и да ги заверат на нотар.

 

Запишувањето на примените кандидати е на 28.09.2018 година од 09 -14 часот.

Документот можете да го превземете тука.

Распоредот за предавањата и вежбите на Факултетот за ветеринарна медицина – Скопје во зимски семестар за академската 2018/2019 година можете да го погледате тука.

Распореди

Конечната ранг листа од Вториот уписен рок можете да ја видите овде.