Архива на Известувања

Студурате на македонски државен универзитет? Сакате да се стекнете со практично искуство за да ги подобрите вашите вештини и шанси за вработување? Тогаш оваа програма е за вас!

Со задоволство, ви ја претставуваме Career transition support програмата за практикантска работа во компании во Македонија или Косово, по ваш избор. Оваа програма на World University Service (WUS) е финансирана и поддржана од владата на германската покраина Северна Рајна-Вестфалија.

За учество потребно е да се најавите на линкот во прилог:

https://docs.google.com/forms/d/e/1FAIpQLSc_i9XqhM-EX8y5cjurCPCu5eRRyQqhHMHrTQW4SOh60FcM0Q/viewform?usp=sf_link

Zoom линк: https://us06web.zoom.us/j/81946850383

Кој може да аплицира?

• Студенти кои се во последната фаза од нивните студии (ќе дипломираат во Октомври или Ноември 2023 година);

• Оние кои дипломирале не повеќе од 6 месеци пред крајниот рок за пријавување (30.11.2023)

• Оние кои се на магистерски студии.

Што нудиме:

-Обуки за тоа како да ја пронајдете вашата работа од соништата (креирање CV, Motivation Letter и вашето прво интервју).

-15.000 денари месечно за период од 3-6 месеци

– Секаков вид на консултации за Практикантска работа и отварање на свој бизнис

– 2 тренинг курса за тоа како да ја направите вашата практикантска работа успешна

На располагање се 50 стипендии за 50 студенти (предност ќе имаат оние кои ќе приложат најдоби апликации и оние кои доаѓаат од семејства со ниски приходи).

За повеке информации можете да го исконтактирате Димитар Каљошевски на northmacedonia@wusgermany.de или на 072 227 940

Почитувани,

Наставно-научниот совет на Факултетот за ветеринарна медицина-Скопје, на седницата одржана на 25.10.2023 год., донесе Одлука за започнување на постапка за избор на Декан на ФВМС, за мандатен период од 3 години.

Одлуката може да ја погледнете тука.

Почитувани студенти,

Во прилог е конечната ранг листа за избор на студенти чие родителско право го врши само еден родител, согласно Одлуката на Ректорската управа и објавениот интерен оглас на ФВМС.

Конечната ранг листа може да ја погледенте тука.

Почитувани,

Во прилог се прелиминарните ранг лист на кандидати за трет циклус студии на студиската програма Безбедност на храна и Ветеринарна медицина.

Прелиминарните листи може да ги погледнете тука: Безбедност на храна и Ветеринарна медицина.

ПРЕЛИМИНАРНА РАНГ ЛИСТА ЗА ИЗБОР НА СТУДЕНТИ КОИ ГИ ИСПОЛНУВААТ УСЛОВИТЕ СОГЛАСНО ИНТЕРНИОТ ОГЛАС ЗА ЕДНОРОДИТЕЛСКО ПРАВО

Почитувани студенти,

Во прилог е прелиминарната ранг листа на кандидати за избор на студенти чие родителско право го врши само еден родител.

Листата може да ја погледнете тука.

Почитувани,

На 27.10.2023 год. (петок), на Факултетот за ветеринарна медицина-Скопје, ќе се одржи Промотивна работилница за активностите на Лабораторија за хигиена на животните и заштита на животна средина, во период од 10-12 часот во просториите на Факултетот.

Целта на оваа работилница е да ги прикаже постојните лабораториски методи од истоимената
област, а се со цел подигнување на свеста во одржување на редовен мониторинг за заштита на
околината при индустриски активности, согласно еколошките дозволи при Законот за заштита на
животна средина и одржување на здравјето и благосостојбата на животните.

Поканата може да ја погледнете на следниот линк.

Почитувани студенти,

Ве известуваме дека излезе од печат учебното помагало „Практикум за изработка на патохистолошки препарати и патохистолошка дијагностика” од авторот проф. д-р Трпе Ристоски. Практикумот е  наменет за студентите на Факултетот за ветеринарна медицина – Скопје за совладување на практичната и теоретска настава по предметот Патолошка морфологија.

Практикумот ќе им овозможи на студентите полесно да ја совладаат предвидената настава согласно студиската програма.

Практикумот можете да го преземете на следниот линк.

На 12 октомври 2023 година, со почеток во 10 часот во просториите на Факултетот за ветеринарна медицина-Скопје, ќе се одржи јавна одбрана на докторската дисертација со наслов Антимикробна отпорност на коменсална Escherichia coli во фецес кај млечни крави, изработена од кандидатот Максуд Крлуку, пред Комисија во состав:

Проф. д-р Павле Секуловски (претседател),
Редовен професор при Факултет за ветеринарна медицина –Скопје
Проф. д-р Деан Јанкулоски (ментор)
Редовен професор при Факултет за ветеринарна медицина –Скопје
Проф. д-р Ромел Велев (член)
Редовен професор при Факултет за ветеринарна медицина –Скопје
Проф. д-р Мирко Проданов (член)
Вонреден професор при Факултет за ветеринарна медицина –Скопје
Проф. д-р Сандра Мојсова (член)
Редовен професор при Факултет за ветеринарна медицина –Скопје

Докторската дисертација може да ја погледнете тука.

Во согласност со одлуката на Наставно-научниот совет на Факултетот за ветеринарна медицина-Скопје, број 0202-1020/9 од 20.09.2023 год., соопштуваме дека:

На ден 12.10.2023 год. (четврток) со почеток во 10 часот, во предавална 2 на Факултетот за ветеринарна медицина-Скопје, ќе се одржи јавна одбрана на докторската дисертација под наслов: Антимикробна отпорност на коменсална Escherichia coli во фецес кај млечни крави, изработена од Максуд Крлуку.

Соопштението може да го погледнете тука.

Почитувани идни студенти,

Ве известуваме дека првиот академски час за учебната 2023/2024 година, ќе се одржи на 02.10.2023 година (понеделник) со почеток во 11 часот во амфитеатар 1 на Факултетот за ветеринарна медицина-Скопје.

Соопштението може да го погледнете тука.

Почитувани,

Ве информираме дека на ден 27.09.2023 година (среда), на Факултетот за ветеринарна медиицина – Скопје во предавална 1 ќе се одржи работилница со наслов Контролна програма за цистична ехинокоза и програма за надзор на алвеоларна ехинокоза во РС Македонија.

Предвидената работилницата е во рамките на проектот Improved Animal Disease Control and Implementation of the Food Safety System.

Програма за работилницата.