Архива на Известувања

По спроведениот конкурс за избор на заменик студентски правобранител на Факултетот за ветеринарна медицина, кој го иницираше Студентскиот правобранител на Универзитетот, а го спроведе Студентсиот парламент на Факултетот за ветеринарна медицина, избрана е ———— која во навремениот рок ги поднесе потребните документи кои потврдуваат дека истата ги исполнува наведените услови за избор, односно е редовен студент со просечна оценка на студии од минимум 7,00, има завршено најмалку втор семестар и поседува организациски и комуникациски вештини. За сите прашања кои се во надлежност на заменикот студентски правобранител, студентите можат да се обратат на е-маил адресата ———— или на тел. број ———

Повеќе за практичната настава прочитајте овде.

Се известуваат сите студенти дека пријавувањето на испитите за полагање за Зимската сесија (прв испитен рок) ќе биде од 15.12.2014 година ( понеделник) до 19.12.2014 година (петок).

Се молат сите студенти навремено да ги пријават сите испити што мислат да ги полагаат, да се придржуваат на дадениот рок, за да пријавите бидат навремено доставени до сите професори.

Одделение за студентски прашања