Архива на Известувања

Се известуваат студентите на Факултетот за ветеринарна медицина во Скопје дека колоквиумите од Општиот и Специалниот дел по предметот Фармакологија во испитниот рок јуни-јули ќе се одржи на 21.07.2020 год. (вторник) со физичко присуство во дворот на факултетот (покрај предавална 1) со почеток во 9:30 часот. Заради почитување на мерките за заштите од COVID-19 студентите со себе задолжително да носат маска.

Од предметниот наставник

    Проф. д-р Ромел Велев

Врз основа на позитивните оценки на сите три члена на Комисијата за прегледување и оценување на напишаниот дипломски труд (Одлука на продеканот за настава бр. 0901-975 од 14.07.2020) продеканот за настава одобрува и закажува

 

ЈАВНА ОДБРАНА

на дипломскиот труд под наслов: Дијагностика и диференцијална разлика помеѓу бенигни и малигни тумори на млечна жлезда, изработен од Ивана Стаменковска, број на индекс 1262, на ден 23.07.2020 година во 10 часот, во просториите на предавална 2. Јавната одбрана ќе се изврши пред Комисијата во состав:

  1. проф. д-р Трпе Ристоски (ментор)
  2. проф. д-р Ирена Целеска (член)
  3. проф. д-р Игор Улчар (член)

Почитувани,

Поради ситуацијата со COVID-19 вирусот и тековните испитни сесии, Ве известуваме дека, датумите на пријавување за учество на конференцијата и испраќање на труд ги пролонгираме за еден месец.

15.08.2020 – пријава за учество на конференцијата со испраќање на апстратк;
15.09.2020 – испраќање на труд

Линк за пријавување:
https://docs.google.com/…/1FAIpQLSc4Iye1Ut0f-lu0mJ…/viewform

Дополнителни документи за конференцијата на следниот линк:
https://mailchi.mp/b09dcab6cea7/naucnikonferencii

СКГКП-Повик

Ве очекуваме

Врз основа на позитивните оценки на сите три члена на Комисијата за прегледување и оценување на напишаниот дипломски труд (Одлука на продеканот за настава бр. 0901-974 од 14.07.2020) продеканот за настава одобрува и закажува

 

ЈАВНА ОДБРАНА

на дипломскиот труд под наслов: Примена на ембриотрансферот како метода за подобрување на генетскиот потенцијал кај млечни крави во РСМ  изработен од Мартин Буровски, број на индекс 1192, на ден 21.07.2020 година во 11 часот, во просториите на предавална 2. Јавната одбрана ќе се изврши пред Комисијата во состав:

  1. проф. д-р Бранко Атанасов (ментор)
  2. проф. д- Никола Адамов (член)
  3. проф. д-р Тони Довенски (член)

Одлуката и соопштението можете да ги видите тука.

Студентите кои ќе полагаат практичен испит по Биологија на клетка на 17 јули, а сакаат да го полагаат завршниот испит, најдоцна до 20 јули по мејл да се пријават за испит кај професорот.
Испитот ќе се одржи на 27 и 28 јули онлајн, по претходно утврден распоред, за што секој студент ќе биде известен по мејл.

Во согласност со Законот за високото образование (Службен Весник на РСМ, бр. 82 од 08.05.2018), Правилникот за условите, критериумите и правилата за запишување и студирање на трет циклус студии – докторски студии на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје (Универзитетски гласник бр. 418 од 30 јануари и 18 февруари 2019 год.), Одлуката на Ректорската управа арх.бр. 02-271/5 донесена на 246. седница, одржана нa 20.2.2020 година, Одлуката на Ректорската управа арх.бр. 02-604/26 донесена на 251 седница, одржана нa 19.06.2020 година и Одлуката од Владата на Република Северна Македонија за давање согласност на конкурсите за запишување на студии од трет циклус на јавните високообразовни установи бр. 44-6081/1 од 19.06.2020 година (Сл. весник бр. 166/2020), Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје објавува

К О Н К У Р С

за запишување студенти на трет циклус – докторски студии на студиските програми на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје во академската 2020/2021 година

Повеќе информации се објавени на веб страната на Универзитетот, во делот на Школа за докторски студии.

Линк до Конкурсот.

Вежбите по предметот “ Анатомија на домашните животни” ќе се одржат во период од 07.07.2020г до 22.07.2020г. Вежбите ќе се одвиваат во просториите на анатомската лабораторија, дигитално на Zoom платформата со употреба на камера при изработка на практичните зафати на пристутни препарати и модели со цел за подобра визуелна перцепција.

Датум и време Тема
07.07.2020г

08:30 – 11:00 ТОПОГРАФСКА АНАТОМИЈА НА ГРАДЕН КОШ:

(Топографија на градна празнина: плеври и медијастинум. Анатомија на белите дробови. Компаративни особености кај белите дробови кај различните видови животни) 14.07.2020г

08:30 – 11:00 Срце: Анатомска градба и функционална анатомија на срцето, лева и десна преткомора, лева и десна комора, аурикула на преткомората, залистоци на срцето и скелетотопија. Перикард, епикард, миокард и ендокард. Аорта и белодробна артерија (truncus pulmonalis). 15.07.2020г

08:30 – 11:00 ТОПОГРАФСКА АНАТОМИЈА НА АБДОМЕНОТ:

(Абдоминална празнина, серозни мембрани, перитонеум. Анатомија на едноставен и сложен еднокоморен желудник. Анатомија на сложен повеќекоморен желудник.) 16.07.2020г

08:30 – 11:00 Компаративна макроскопска анатомија на тенките црева: дуоденум, јејунум и илеум, мезентериум. Компаративна анатомија на дебелите црева: колон, цекум, ректум, анус. Компаративни разлики кај домашните животни. Анатомија и топографија на црн дроб, панкреас и слезина. 20.07.2020г

08:30 – 11:00 ТОПОГРАФСКА АНАТОМИЈА НА КАРЛИЦАТА:

(Топографска анатомија на карличната празнина: Анатомија и топографија на бубрезите. Унипирамидален, модифициран унипирамидален и мултипирамидален бубрег. Компаративна анатомија на бубрезите на различни видови: мачка, куче овца, коњ, свиња и говедо. Уретери, мочен меур и уретра.) 21.07.2020г

08:30 – 11:00 Анатомија на машкиот репродуктивен систем: скротум, funiculus spermaticus, семеници, акцесорни полови жледи, пенис и препуциум, мускули на машкиот репродуктивен систем. Компаративна анатомија на пенис кај куче, кај мачор, кај пастув, кај бик и кај нерез.

Анатомија на женскиот репродуктивен систем: јајници, јајцеводи, матка, вагина, предворје на вагина и срамница. Млечна жлезда (виме). 22.07.2020г

08:30 – 11:00 ОРГАНИЗАЦИЈА НА ЦЕНТРАЛНИОТ НЕРВЕН СИСТЕМ:

Черепна празнина, мозочни обвивки, Компјутерска презентација на организација на ’рбетниот мозок. ЦНС (среден мозок, преден мозок, диенцефалон, теленцефалон). Јадра на кранијалните нерви. Кранијални нерви. Олфакторен нерв. Оптичен нерв. Окуломоторен нерв. Трохлеарен нерв. Тригеминален нерв. Нерв абдуценс. Фацијален нерв. 23.07. 2020г

08:30 – 11:00 СЕТИЛНИ ОРГАНИ, КОЖА И КОЖНИ ТВОРБИ:

Очно јаболко, орбитални фасции, мускули на очното јаболко, очни капаци и конјунктива, солзен апарат, васкуларизација и инревација на окото. Кожа, кожни жлезди, нокти, канџи, копита и чапунки и рогови.

Испитот по предметот СПЕЦИЈАЛНА ПАТОЛОШКА МОРФОЛОГИЈА ќе се одржи на 20 и 27.07.2020 год. со почеток во 10.00 часот во салата за обдукција.

Студентите се должни да се пријават електронски најдоцна до 15.07.2020 год. на следната адреса: igjurovski@fvm.ukim.edu.mk

Поради следење на препораките поврзани со состојбата со корона вирусот ќе се изврши подлба на студентите во зависност од бројот на пријавени. Секој од студентите ќе биде известен во кој ден ќе полага.

Се известуваат студентите на Факултетот за ветеринарна медицина во Скопје дека колоквиумот од Општиот и Специалниот дел по предметот Хранливи, лековити и отровни растенија во испитниот рок јуни-јули ќе се одржи на 01.07.2020 год. (среда) со физичко присуство во предавална 1 на Факултетот со почеток во 10:30 часот. Заради почитување на мерките за заштите од COVID-19 студентите со себе задолжително да носат маска.

Од предметниот наставник                                                                                          Проф. д-р Ромел Велев

Се известуваат студентите на Факултетот за ветеринарна медицина во Скопје дека завршниот испит по предметот Сточарство во испитниот рок јуни – јули ќе биде одржан на 14.07.2020 год. (вторник) со физичко присуство во микроскопската училница на Факултетот со почеток во 11:00 часот.

Од катедрата,
Проф. д-р Никола Адамов