Архива на Известувања

Врз основа на позитивните оценки на сите три члена на Комисијата за прегледување и оценување на напишаниот дипломски труд (Одлука на продеканот за настава бр. 0901-1116 од 20.08.2020) продеканот за настава одобрува и закажува

 

ЈАВНА ОДБРАНА

на дипломскиот труд под наслов: Регулирање на телесната температура, изработен од Иван Лозанче, број на индекс 1277, на ден 31.08.2020 година во 11 часот, во просториите на предавална 2. Јавната одбрана ќе се изврши пред Комисијата во состав:

  1. проф. д-р Владимир Петков (ментор)
  2. проф. д-р Никола Адамов (член)
  3. проф. д-р Бранко Атанасов (член)

Врз основа на позитивните оценки на сите три члена на Комисијата за прегледување и оценување на напишаниот дипломски труд (Одлука на продеканот за настава бр. 0901-1084 од 17.08.2020) продеканот за настава одобрува и закажува

 

ЈАВНА ОДБРАНА

на дипломскиот труд под наслов: Анемија предизвикана од инфективни агенси, изработен од Александар Цикалов, број на индекс 1201, на ден 25.08.2020 година  во 12 часот, во просториите на предавална 2. Јавната одбрана ќе се изврши пред Комисијата во состав:

  1. проф. д-р Ирена Целеска (ментор)
  2. проф. д-р Игор Улчар (член)
  3. проф. д-р Ромел Велев (член)

Врз основа на позитивните оценки на сите три члена на Комисијата за прегледување и оценување на напишаниот дипломски труд (Одлука на продеканот за настава бр. 0901-1082 од 17.08.2020) продеканот за настава одобрува и закажува

 

ЈАВНА ОДБРАНА

на дипломскиот труд под наслов: Употребата на пчелиниот отров во апитерапијата, изработен од Драган Коцев, број на индекс 1153, на ден 25.08.2020 година во 10 часот, во просториите на предавална 2. Јавната одбрана ќе се изврши пред Комисијата во состав:

  1. проф. д-р Мишо Христовски(ментор)
  2. проф. д-р Владимир Петков (член)
  3. проф. д-р Ромел Велев (член)

Почитувани студенти,

Испитот по предметот БИОСТАТИСТИКА ќе се одржи на 25.9.2020 год. со почеток во 10.00 часот.

Пријавување електронски најдоцна до 23.09.2020 год. на следната адреса: vasilka@fvm.ukim.edu.mk

Од предметниот наставник

    Проф. д-р Василка Попоска Треневска

Испрати твоја фотографија и учествувај на геофотоконкурсот во рамки на Студентската конференција за глобални климатски промени СКГКП организиран од Истражувачко здружение на студенти географи “Природник” – EGEA Skopje

📸 Наградените фотографии ќе бидат искористени во календар за 2021 година.

Право на учество имаат сите граѓани на Р.С.Македонија. Еден автор може да испрати најмногу 3 дигитални фотографии во боја, кои претходно не учествувале на фото-конкурси.

📬 E-mail за испраќање фотографии: geofotokonkurs.prirodnik@gmail.com

Детални информации за правила на учество:
Геофотоконкурс 2020
Тема: Лето во Р.С.Македонија

Почитувани,
Истражувачкото здружение на студенти географи „Природник“, во рамките на Студентската конференција за глобални климатски промени СКГКП, а поддржани од Универзитетско студентско собрание – УКИМ, го организира 3тиот по ред Геофотоконкурс на тема: Лето во Македонија.
Геофотоконкурсот е дел од кампањата на студентите географи за промовирање на домашниот туризам кој од една страна ќе ве запознае со убавините на Р.С.Македонија, а од друга страна ќе ги помогне локалните бизниси и нашите сограѓани во борбата со економската криза предизвикана од пандемијата.
Наградите се:
1. Прво место од Комисија (3500 денари)
2. Второ место од Комисија (2500 денари)
3. Трето место од Комисија (1500 денари)
4. Награда од публика (3000 денари)
Наградените фотографии ќе бидат искористени во изработката на календар за 2021 година.
Право на учество имаат сите граѓани на Р.С.Македонија.
Испраќање на фотографии до 31.08.2020 година.
Сите пристигнати фотографии, ќе бидат објавени во заеднички албум на Фејсбук профилот на Природник.
Доколку Студентската конференција се одржи со физичко присуство, за наградата од публика, учесниците ќе гласаат за најдобрата фотографија а доколку е онлајн, фотографијата ќе се избере по пат на гласање на социјалните мрежи.
Победниците ќе бидат објавени во септември годинава на социјалните мрежи на Природник.
Апликација:
– Учеството е бесплатно.
– Еден автор може да испрати најмногу 3 фотографии. Учеството опфаќа дигитални фотографии во боја, испратени преку е-маил (не принт, црнобели фотографии или панорама формати).
Насловите на дигиталните фотографии мора да го содржат името на фотографот и името и бројот на фотографијата (1-3) (пример: StefanStefanovski_MavrovskoEzero _1.jpg).
Испратете ги Вашите фотографии на geofotokonkurs.prirodnik@gmail.com и треба да биде напишано името и презимето на авторот, наслов на фотографијата и краток опис за фотографијата со која аплицира, но и линк до негово портфолио, веб-сајт и/или друг социјален медиум.
За фотографиите:
– Препорачан формат е најмалку JPEG/150dpi, со големина на фајлот не поголема од 20Мb. Фотографиите треба да содржат жиг или лого од авторот.
– Фотографијата потребно е да содржи природно географски аспекти од областа каде што е направена
– Фотографиите треба да ја доловат и промовираат Р.С.Македонија како туристичка атракција и микс на природа, храна, традиција итн.
Наградниот фонд е обезбеден од страна на Студентската конференција за глобални климатски промени и Универзитетското Студентско Собрание при УКИМ
Авторските права за сите фотографии кои учествуваат мора да припаѓаат на фотографите. Фотографот ги задржува правата за неговите/нејзините фотографии во секое време и неговото/нејзиното име ќе се појавува секогаш кога се објавени. Со учество во натпреварот, натпреварувачот им дава право на организаторите за бесплатна употреба на фотографиите за следните цели:
– Промовирање на геофотоконкурсот во публикации на организаторот, неговата веб страна и во медиуми.
– Сите пристсигнати фотографии можат да бидат користени од страна на организаторот Истражувачко здружение на студенти географи “Природник” за изложби и негово рекламирање и публикации.
– Употребата на фотографии за други цели освен оние споменати во текстот погоре, единствено може да продолжи после консултација со фотографот. Права на фотографиите немаат агенции или издавачи. Организаторот не превзема одговорност за акции превземени од трети страни.
Ќе бидат земени во предвид само фотографии кои претходно не учествувале на други конкурси и кои не биле изложувани и за кои авторот ги поседува сите права.
Повеќе информации:
Тел: 078/409-005;

Испитот по предметот ОПШТА ПАТОЛОГИЈА ќе се одржи на 10 i 11.9.2020 год. со почеток во 10.00 часот. Пријавување електронски најдоцна до 7.9.2020 год. на следната адреса: igjurovski@fvm.ukim.edu.mk

Испитот по предметот СПЕЦИЈАЛНА ПАТОЛОГИЈА ќе се одржи на 17 i 18.9.2020 god. со почеток во 10.оо часот. Пријавување електронски најдоцна до 14.9.2020 год. на следната адреса: igjurovski@fvm.ukim.edu.mk

Испитот по предметот СУДСКА ВЕТЕРИНАРНА МЕДИЦИНА ќе се одржи на 24 i 25.06.2020 god. со почеток во 10.оо часот. Пријавување електронски најдоцна до 21.9.2020 год. на следната адреса: igjurovski@fvm.ukim.edu.mk

Реколоквирање по трите предмети ќе се одржи на 7 и 9.9.2020 год. во 10:00 часот во предавална бр.2 (амфитеатар). Пријавување електронски најдоцна до 27.8.2020 год. на следната адреса: igjurovski@fvm.ukim.edu.mk

Поради следење на препораките поврзани со состојбата со корона вирусот ќе се изврши подлба на студентите во зависност од бројот на пријавени. Секој од студентите ќе биде известен во кој ден ќе полага.

Се известуваат студентите дека полагањето на предметот Хистологија со ембриологија во септемвриската испитна сесија ќе се изведе по електронски пат и по пат на физичко присуство, во зависност од изборот на самите студенти

Термини за полагање по електронски пат се:
24.8 – прв и втор колоквиум
26.8 – трет колоквиум
2.9 – четврт колоквиум
4.9 – петти колоквиум

Термини за полагање со физичко присуство се:
16.9 – прв и втор колоквиум
18.9 – трет колоквиум
21.9 – четврт колоквиум
24.9 – петти колоквиум

Важно: Секој студент поединечно треба да се пријави за полагање (за начинот на полагање и делот кој се полага) најдоцна два дена пред дадените термини. Пријавувањето е преку електронска пошта до предметниот професор и асистент:

florinap@fvm.ukim.edu.mk и
mdovenska@fvm.ukim.edu.mk

Предметен професор
Проф. д-р Флорина Поповска Перчиниќ

Во септемвриската испитна сесија, завршните испити ќе се полагаат по следниот распоред:

1.     Биологија на клетка – 17 август,  7 септември;
2.     Биохемија – 24 август, 14 септември;
3.     Клиничка биохемија – 31 август, 21 септември.

Студентите кои треба да полагаат практичен испит, термините за полагање да ги договорат со асистентите.
Студентите може да го полагаат испитот само еднаш, во еден од избраните термини, во август или септември.
Сите студенти кои ќе полагаат завршен испит да го пријават своето
полагање кај професорот, најдоцна до 7 август 2020.

Контакти:
lozenka@yahoo.com
stefan.jovanov10@yahoo.com
velimirstojkovski@gmail.com

Се известуваат студентите на Факултетот за ветеринарна медицина во Скопје дека колоквиумот од Општиот и Специалниот дел по предметот Хранливи, лековити и отровни растенија во испитниот рок јуни-јули ќе се одржи на 21.07.2020 год. (вторник) со физичко присуство во дворот на факултетот (покрај предавална 1) со почеток во 9:30 часот. Заради почитување на мерките за заштите од COVID-19 студентите со себе задолжително да носат маска.

Од предметниот наставник

Проф. д-р Ромел Велев