Промотивно видео „Три децениии Факултет за ветеринарна медицина“

Со особена чест го одбележуваме Три деценискиот јубилеј на Факултетот за ветеринарна медицина како дел од најстарата високообразовна и научна институција на Универзитетот Св. Кирил и Методиј во Скопје.
Факултетот за ветеринарна медицина – Скопје е високообразовна и научна институција, вистински бренд во својата област.

Почитувана од општеството, пред се со својата традиција, квалитетното знаење и практични и корисни искуства, а над се, посветени во работењето е главната слика на Факултутетот за ветеринарна медицина – Скопје.
Времето е најдобриот показател за вредностите и поставените цели.

Во работењето на факултетот е вткаен целиот труд, заложби и достигнувања на претходните генерации и предизвикот за уште поголеми резултати и успешност во наставно-научната и апликативна дејност на сегашните генерации.