Една од главните одлики на ЕКТС системот е можноста за мобилност на студентите, т.е. тие да можат дел од наставата да остваруваат на различни факултети во различни држави. Со тоа не само што го продлабочуваат своето стучно знаење туку и ги прошируваат своите видици во контекстот на Европа како заеднички дом за сите нејзини нации. За остварување на ваквите активности, Факултетот за ветеринарна медицина во Скопје нуди големи можности за студентска мобилност. ФВМС е членка на мрежата на ветеринарни факултети од Источна и Југоисточна Европа VetNEST, која организира размена на студенти и наставен кадар во рамките на програмата CEEPUS. Во оваа мрежа, освен ФВМС, членуваат ветеринарни факултети и универзитети од Виена (Австрија), Брно (Чешка), Кошице (Словачка), Вроцлав (Полска), Будимпешта (Унгарија), Љубљана (Словенија), Загреб (Хрватска), Белград (Србија), Сараево (Босна и Херцеговина) и Тирана (Албанија). Освен тоа, ФВМС има склучено и билатерални договори за размена на студенти и наставен кадар преку програмата Erasmus со ветеринарните факултети во Љубљана, Загреб и Стара Загора (Бугарија), како и со Универзитетот по ветеринарна медицина и фармација во Кошице. Исто така, ФВМС има и директен билатерален договор за соработка со Факултетот за ветеринарна медицина во Истанбул (Турција).

ERASМUS Координатор: Проф. д-р Флорина П. Перчиниќ
Тел : 02 3240710
E-пошта: florinap@fvm.ukim.edu.mk

CEEPUS Координатор: Проф. Д-р Зехра Хајрулаи-Муслиу
Тел : 02 3240760
E-пошта: zhajrulai@fvm.ukim.edu.mk

Студентски ERASМUS Координатор: студент Александар Траjчовски
Тел : 078 204 350
E-пошта: aleksandar.trajcovski@gmail.com