Практична настава за студенти од ФВМ-С

За реализација на практична настава студентите потребно е да го превземат и разгледаат Упатството за реализирање практична настава на студенти заедно со Упатството за пополнување на дневник за време на изведување на пракса.

На интерет страната на Факултетот и во неговата архива може да се добие списокот на институции со кои Факултетот има склучено договор. Овој список постојано се надополнува во зависност од потребите на студентите и Факултетот.

Студентите кои треба да изведуваат пракса треба да ја отпечататат Упатницата за изведување на пракса, Потврдата за редовен студент на Факултетот по ветеринарна медицина во Скопје и Потврдата за реализирана практична настава (докуметите може да се подигнат и од администрацијата на Студентските прашања).

Упатницата ја пополнува студентот, ја потпишува професор-ментор од Факултетот, и откако е потпишана од Деканот на факултетот, студентот ја заверува во архивата на Факултетот за ветеринарна медицина-Скопје.

Потврдата за реализирана практична настава ја заверува организацијата каде студентот остварува практична настава, ОТКАКО практичната настава е реализирана.

Заедно со потврдта се доставува на увид и пополнет и заверен Дневник за практична настава.