На Факултетот за ветеринарна медицина – Скопје, студентите се организирани во СПФВМС (Студентски парламент на ФВМ-С) кој ги застапува интересите на студентите, во локални, национални и интернационални рамки. Претседателот на СПФВМС по службена должност е член на Деканатската управа при ФВМ-С, а исто така, тој и уште двајца претставници на СПФВМС се полноправни членови на Наставно-научниот совет при ФВМ-С, со што имаат директен увид во решавањето на сите прашања кои ги засегаат студентите и нивните права.

Исто така, студентите на ФВМ-С одржуваат врска со останатите факултети во земјата и странство, преку традиционални средби на кои се одмерува нивната сила во знаење, спорт и забава. Меѓу таквите средби најзначајно место заземаат: студентската ВЕТЕРИНИЈАДА, МСИ (Меѓуниверзитетските студентски игри); Универзитетската лига во кошарка, фудбал, ракомет и други дисциплини. Студентите имаат право да користат попусти за влезници на различни спортски и културни манифестации, како и за јавниот превоз.