Отворен ден на УКИМ

На 6.4.2017 година (четврток) од 10:00 до 16:00 часот се организира отворен ден на Универзитетот Св Кирил и Методиј“.

Централниот настан е предвиден на платото пред ректоратот, каде што ќе бидат сместени штандовите на факултетите. И оваа година ФВМС е дел од настанот.

Посетителите ќе имаат можност непосредно, во разговор со наставниот кадар и со студентите, да се запознаат со дејноста на најстарата високообразовна институција во нашата земја, како и со нејзината долга традиција, мисија и визија. Во изложбените простори се предвидени разновидни презентации на активностите и проектите на наставниците и студентите, изложба на богатата научна дејност на Универзитетот: монографии, учебници, преводи и научни списанија.

Покрај тоа ќе има и голем број на забавни содржини и музичка програма на платото пред Ректоратот со почеток од 10 ч.

Денот е наменет за средношколците од средните училишта во Р. Македонија, но и убава можност за сите оние кои сакаат да дознаат нешто повеќе за програмите на постдипломските и докторските студии на Универзитетот.