Во 2014 година започна да функционира новата програма на Европската Унија за образование, обуки, младина и спорт Erasmus+ за периодот 2014-2020 година. Целите на Erasmus+ се засилување на вештините и можностите за вработување, како и модернизирањето на образованието, обуките и работата со младите луѓе. Седумгодишната програма има буџет од 14,7 милијарди евра, што е 40% повеќе во однос на претходните програми. Erasmus+ им дава можности на преку 4 милиони Европејци да се школуваат, усовршуваат, волонтираат и да стекнуват работно искуство во странство. Програмата ќе ги поддржува транснационалните партнерства помеѓу институциите од областите на образованието, обуките и младината за зајакнување на соработката и градење мостови помеѓу различните образовни системи, со цел да се подобрат вештините кои се дефицитарни во Европа. Исто така ќе се поддржуваат напорите на одделни држави за подобрување на националните системи за образование, обуки и младина.
Во Erasmus+ се обединети сите досегашни програми на ЕУ во областите на образованието, обуките и младината: потрограмите во рамките на Програмата за доживотно учење (Lifelong Learning Programme – LLL): Grundtvig, Erasmus, Leonardo и
Comenius; меѓународните програми за високото образование: Erasmus Mundus, Tempus, Alfa, Edulink, билатералните програми; како и програма „Млади во акција“ (The Youth in Action Programme).
Повеќе информации можете да најдете тука.

ERASМUS Координатор: Проф. д-р Флорина П. Перчиниќ
Тел : ++389 02 3240 710
E-пошта: florinap@fvm.ukim.edu.mk

Студентски ERASМUS Координатор: студент Димитар Божиновски
Тел : 070 312 123
E-пошта: d.bozhinovski@yahoo.com