CEEPUS

За програмата

CEEPUS е програма за размена на студенти и наставен кадар во рамките на државите потписнички. Со потпишувањето на договорот Владите се обврзуваат дека ќе ги покријат трошоците за размена. Корисници на овие ресурси се високите школи на земјите-потписнички, поврзани во мрежата. Секоја година на факултетите се одобрува користење на одреден број на стипендии во рамките на CEEPUS.

Програмата има за цел подобро поврзување на студентите и академскиоте кадар од земјите потписнички. Програмата стапи на сила на 1 Декември 1994 година. Земји потписнички и основачи на CEEPUS се Австрија, Бугарија, Унгарија, Полска, Словачка и Словенија, а од 1995 година Хрватска, од 1996 година Чешка, од 1998 година Романија. Денес CEEPUS брои 14 членови (со горе споменатите земји приклучиени се и Албанија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Македонија и Србија).

Нашиот факултет се приклучи на програмата преку мрежата на ветеринарни универзитети и факултети “VetNEST”, во која освен нашиот се наоѓаат и факултетите од Австрија (во Виена), Чешка (Брно), Унгарија (Будимпешта), Полски (Wroclav), Словачка (Братислава), Словенија (Љубљана) и Хрватска (Загреб).

Кој се може да се пријави за користење на стипендија во рамките не CEPPUS?

– Сите лица кои поседуваат државјанство од „CEEPUS“ замјите”.
– Најдолго времетраење на стипендиите е 12 месеци.

Рокови

До 15 Јуни Мрежите испраќаат пријави за зимски семестар до Националните координатори (NCO).
По 15 Јуни Земјите домаќини доделуваат стипендии за зимскиот семестар.
До 15 Ноември Мрежите испраќаат пријави за летниот семестар до Националните координатори.
По 15 Ноември Земјите домаќини доделуваат стипендии за летниот семестар.

Пријавување за размена

– Фази и чекори

1. Фаза (пријавување во сопствената земја)

Бирање на стипендија
Пријавување (Application form преку интернет)
Доделување на стипендијата
Прифаќање на доделената стипендија
Подготовки за поаѓање

2. Фаза (користење на стипендијата во земјата домаќин)

Престој
Домаќинот пополнува потврда за учество (Letter of Confirmation)

3. Фаза (документирање во сопствената земја)

Letter of Confirmation се предава на NCO
Поднесување извештај за престојот во рок од 14 дена по враќањето

Забелешка: Тие кои нема да ја искористат доделената стипендија, и не ја одјавиле на време, ќе им биде оневозможено понатамошно доделување на стипендии.

Постапка

(различна за секоја земја)

Веб

www.CEEPUS.info

CEEPUS Координатор: Проф. Д-р Зехра Хајрулаи-Муслиу
Тел : ++389 02 3240 760
E-пошта: zhajrulai@fvm.ukim.edu.mk