Центар за зоонози

Центарот за зоонози ќе ги прибира и анализира сите податоци добиени во рутинските испитувања и научните истражувања од областа на бактериологијата, вирусологијата, паразитологијата, имунологијата, серологијата и молекуларните методи кои се однесуваат на зоонозните болести во Република Македонија. Примарно, податоците ќе се добиваат од соодветните лаборатории на Ветеринарниот институт како и од лабораторијата за микробиологија за храна и добиточна храна на Институтот за храна, од каде ќе се прибираат податоци за зоонозите кои се пренесуваат преку храната. Центарот ќе настојува да воспостави соработка и размена на податоци, експериза и искуства со соодветните институтции од хуманата медицина.