Лабораторија за серологија и молекуларна дијагностика

Како што се гледа од името, во оваа лабораторија се применуваат два вида техники за дијагностика на заразните болести кај животните. Во делот на СЕРОЛОГИЈАТА, се користат следните методи за рутинска дијагностика: брза аглутинација, спора аглутинација, хемаглутинација, инхибиција на хемаглутинација, ELISA (индирекна и компететативна), RVK и агар-гел имунодифузија. Со овие методи се врши дијагностика на следниве болести: бурцелоза, Q-треска, хламидиоза, говедска вирусна дијареа, болеста на син јазик, ензоотска лекуоза кај говеда, инфективна анемија кај копитари, IBR/IPV, салмонелоза и други.

Во делот на МОЛЕКУЛАРНА ДИЈАГНОСТИКА се користат конвенционален PCR и Real time PCR како основни техники за дијагностика, а се врши и генетско секвенционирање на изолати и амплификати од разни видови на патогени. Во овој дел од лабораторијата, рутински се врши дијагностика на бруцелоза (детекција и диференцијација на вид, како и диференцијација на Brucella melitensis див сој од Rev-1 вакцинален сој), авијарна инфлуенца (матрикс ген, H5 и H7 подтиповите), класична свинска чума, говедска вирусна дијареа, Q-треска, болеста на син јазик и др.