Деканатска управа

Деканатската управа е орган на управување на Факултетот. Деканатската управа ја сочинуваат деканот, продеканите, раководителите на институтите и претседателот на студентскиот парламент на факултетот.
Деканатската управа во рамките на својата надлежност:

  • се грижи за остварување на дејноста и развојот на факултетот и за односите со пошироката општествена заедница и државните органи;
  • донесува акти и го следи нивното извршување, освен актите кои се во надлежност на наставно-научниот совет;
  • го усвојува финансискиот план и донесува завршна сметка (финансискиот годишен извештај) во рамките на единствениот финансиски план на Универзитетот и консолидираната завршна сметка на Универзитетот;
  • согласно со закон, на Универзитетот му предлага измена или проширување на дејноста;
  • ги подготвува и предлага актите и материјалите за прашања за кои одлучува наставно-научниот совет и деканот;
  • одлучува по предлозите од наставно-научниот совет;
  • донесува одлука за распоред на часовите и наставата (обезбеденост на наставата), на предлог на внатрешните организациони единици;
  • донесува програма за студиски престои на соработници/асистенти, студенти и за реализација на визитинг професори од Факултетот на странски универзитети;
  • го определува обемот на учество во наставно-образовниот процес на асистентите – докторанти;
  • донесува план за јавни набавки;
  • донесува одлуки за јавни набавки што се во надлежност на органот на управување, согласно со Законот за јавни набавки и актите на Универзитетот;
  • одлучува по барањата на студентите;
  • одлучува за предложените мерки за создавање и усовршување на наставно-научниот подмладок и за работа со особено успешни и талентирани студенти;
  • одлучува за предложените мерки за унапредување на наставната, научноистраажувачката и применувачката, односно апликативната работа и за компјутерската мрежа;
  • врши и други работи определени со овој Правилник.

Членови на Деканатска управа на ФВМ-С се:

проф. д-р Лазо Пендовски
Декан
(lpendovski@fvm.ukim.edu.mk)


проф. д-р Ксенија Илиевска
Продекан за настава
(kilievska@fvm.ukim.edu.mk)

доц. д-р Мирослав Ќосевски
Продекан за наука и меѓународна соработка
(miro@fvm.ukim.edu.mk)

проф. д-р Искра Цветковиќ
Продекан за финансии
(iskra@fvm.ukim.edu.mk)

проф. д-р Деан Јанкулоски
Раководител на Институтот за храна
(djankuloski@fvm.ukim.edu.mk)


проф. д-р Кирил Крстевски
Раководител на Ветеринарниот институт
(krstevski@fvm.ukim.edu.mk)

проф. д-р
Тони Довенски
Раководител на Институтот за репродукција и биомедицина
(dovenski@fvm.ukim.edu.mk)
Јане Влахов – претседател на СПФВМС
(janevlahov@fvm.ukim.edu.mk)