Лабораторија за производство, криоконзервирање и контрола на семе од домашни животни

Производство

– Генетика (избор на бикови, чување, исхрана)
– Начин на добивање на ејакулатите
– Евалуација на ејакулатите
– Процесирање на ејакулатите
– Криопрезервација
– Контрола на производството

Избор на бикови

– Генетски супериорни прогено тестирани бикови:
– Semex Alliance (Canada)
– Alta Genetics (Canada)
– Preska (Slovenia)
– Krnjaca (Srbija)

Чување на биковите

– Перманентен карантински систем
– Редовна здравствена контрола
– Услови усогласени со Законот за заштита и благосостојба на животните (Службен весник на РМ 113/2007)

Исхрана на биковите

– Контрола на квалитетот на храната која влегува
– Контрола на водата
– Витаминско-минерални додатоци за стимулација на сперматогенезата
– Без додатоци од храна од животинско потекло, карактеризирани како специфичен ризичен материјал, според Регулатива 1774/2002

Начин на добивање на ејакулатите

– Заскокнување врз природен фантом
– Вештачка вагина тип Хановер
– Температура 42 ̊С
– Лубрификација со разредител

Евалуација на ејакулатите

– Макроскопска евалуација
– Микроскопска евалуација

Макроскопска евалуација

– Волумен
– Боја
– Конзистенција
– Присуство на примеси од надворешната средина

Микроскопска евалуација

– Фазно-контрастен микроскоп (светло поле – Фаза 1)
– Зголемување 10 – 40 х
– Грејна плоча загреана на 39°С
– Комора за евалуација на нативен ејакулат

Критериуми

– Концентрација: > 9 х 103/ml
– Процент на подвижност: > 70%
– Отсуство на зголемен број епителни клетки, леукоцити, еритроцити
– Отсуство на партикули од надворешно потекло

Процесирање на ејакулатите

– Разредување (Дилуција)
– Микроскопски преглед после разредување
– САЅА анализа и одредување на конечна концентрација
– Пакување и означување Еквилибрација

Разредување

– Аndromed® (Minitub, Germany)
– Без состојки од анимално потекло (според Регулатива 1774/2002)
– Примарно разредување во однос 1:1
– Разредување до однос 1 : 10
– Микроскопски преглед

САЅА анализа и одредување на конечна концентрација

– HTM IVOS® (Hamilton Thorne Research, USA)
– Одредување на конечно разредување
– Евидентирање на точната концентрација на ејакулатот
– Евидентирање на процентот на подвижни сперматозоиди
– Одредување на квалитативните параметри на подвижноста на слерматозидите

Пакување и означување

– MPP 133 Combo Jet (Minitub, Germanu)
– Паети 0,5 ml
– Означување на паетите: име на бикот, број на маркица, раса, код, ознака на центарот, сериски број.

Еквилибрација

– Разладување на +4°С
– Временски интервал 2 – 2,5 часа

Криопрезервација

– Automatic MT freezer for semen straws

Криопрезервациска крива

– од 20 до 4°С за време од 10 минути со пад на температурата за -1,6°С/min
– на 4°С – еквилибрација во траење од 2 часа
– од 4° до – 6°С за време од 2 минути со пад на температурата – 5°С/min
– на -6°С – стабилизација во траење од 1 минута за да настапи кристализацијата
– од -6°С до -20°С за 1 минута со пад на температурата од -14°С/min, за да се компензира покачувањето на температурата при кристализацијата
– од -20 до -140°С за време од 4 минути со пад на температурата од -30°С/min
– од -140°С до -196°С моментално, со директно преместување во корита со течен азот. (Mueller-Schlosser et al. 2000)

Контрола на произведените дози

– Одмрзнување (39°С, најмалку 30 секунди)
– Микроскопска евалуација (критериум > 50%)
– САЅА анализа Евидентирање на резултатите

Дистрибуција

– Секоја втора недела
– Сперма и акцесории за ВО
– Врз основа на претходна порачка од клиентот
– САМО НА ПРАВНИ СУБЈЕКТИ !!!