Наставата на Факултетот за ветеринарна медицина-Скопје ја изведуваат наставници избрани во наставно-научни звања (редовен професор, вонреден професор и доцент) како и асистенти кои се избрани во соработнички звања. Дел од практичната настава ја изведуваат докторанти – млад научен кадар кој е запишан на докторски студии од трет циклус на студии на ФВМ-С.

Покрај наставата, наставно-научниот кадар, научниот кадар, истражувачите и соработничкиот кадар се активно вклучени во апликативната и истражувачката работа која се изведува во лабораториите и катедрите на наставно-научните единици (Институти) на Факултетот.