-
ДобредојдовтеВетеринарниот факултет - Скопје е основан во учебната 1991/1992 година, како насока на Земјоделскиот факултет во Скопје со Решение од 1 XI 1991 година, издадено од Министерството за образование и физичка култура. Со ова Решение, Земјоделскиот факултат беше задолжен да отпочне со настава на 6 XI 1991 година со студиите на прва и втора година, со студенти вратени од другите ветеринарни факултети на бившата СФР Југославија. На 30 I 1993 година, Наставно-научниот Совет на Земјоделскиот факултет - Скопје донесе одлука за издвојување на насоката на ветеринарниот студиум во засебен Ветеринарен факултет.

-
ЛабораторииЗа изведување на практичната настава на студентите им се на располагање 4 лаборатории (лабораторија за хемија, биохемија, физиологија и патофизиологија; лабораторија за радиобиологија; лабораторија за микробиологија; лабораторија за паразитологија), 2 сали за секција (сала за секција по анатомија на животните и сала за секција по патолошка морфологија), микроскопска училница и вежбална за клиничките предмети и клиника за домашни миленици и хирургија. Лабораториите и вежбалните се опремени со модерна техничко-технолошка опрема со најсовремени перформанси.

-
Компјутерска училницаФакултетот поседува и компјутерска училница во склоп на библиотеката со 15 нови компјутери и со перманентна интернет конекција, како и пристап до CLIVE базата на податоци. Факултетот за ветеринарна медицина преку реализација на Темпус проектот CDJEP-15017-2000 ”Унапредување на ветеринарната едукација во Р. Македонија” стана асоцијативен член на CLIVE конзорциумот. Со тоа Факултетот се здоби со можноста за употреба на компјутерски едукативни програми издадени од овој конзорциум во своите наставни програми.





