|
Избор на ректор на УКИМ |
|
|
|
23.06.2008. |
Денес официјално заврши изборот за нов ректор на Универзитетот "Св.Кирил и Методиј". За нов ректор со 4 годишен мандат беше избран Проф.Д-р Велимир Стојковски редовен професор на нашиот факултет по предметите Биохемија и Биологија на клетка . Убедливата победа беше добиена со 42 наспроти 17те гласа на сегашниот ректор Проф.Д-р Горѓи Мартиновски професор на Земјоделскиот факултет. Гласањето беше извршено од страна на Сенатот на Универзитетот . Мандатот на Проф.Д-р Велимир Стојковски ќе започне од академската 2008/2009 и ќе трае 4 академски години. Во официјалната изјава на ново назначениот ректор беше изјавено : Дека ќе се залагаат за враќање на сјајот на Универзитетот,акредитација на лабораториите на Универзитетот како и усовршување на наставната програма и науката на сите факултети со цел да се доближиме повеќе до Европската Унија со наставно - образовниот процес. Големи честитки до новиот ректор од целиот персонал и студентите на Факултетот за ветеринарна медицина - Скопје и на Проф.Д-р Велимир Стојковски му посакуваме многу успеси и големи достигнувања во водењето на Универзитетот во наредните четири академски години . |
|
|
CEEPUS Конкурс |
|
|
|
22.05.2008. |
CEEPUS објавува отворен конкурс за привремена размена на студенти . За подетални информации обратете се кај Проф.Д-р Тони Довенски или пак прочитајте во фајлот кој што е во прилог . |
|
|
Денови на образование и кариера |
|
|
|
20.04.2008. |
И оваа година паралелно со саемот на Книгата се одржаа и 11-тите Денови на Образование и кариера, кои се одржаа на Скопски Саем во Хала 2 .Нашиот факултет како и сите други од Универзитет "Св.Кирл и Методиј" зема учество . Како репрезентативен материјал беа поделени флаери , папки , студентски информатори и програма за студирање , и мултимедијално CD кое беше изработено специјално за факултетот.Покажавме добра заинтересираност на саемот и очекуваме поголема бројка на запишани студенти во наредната академска година. |
|
|
Покана |
|
|
|
27.02.2008. |
Во името на Кралското друштво за превенција од суровост на животните како и во името на Факултетот за ветеринарна медицина-Скопје, Ве покануваме да учествувате на работилниците со работен наслов: „Благосостојба на животните-европска рамка” и “3Р концепт-легална рамка за заштита на лабораториски жовотни” кои Ќе се одржат во Охрид, Р. Македонија, во преиодот од 27-29 Март 2008 година. Работилницата „Благосостојба на животните-европска рамка” е намената за учесниците од Македонија. Целта е да се дефинираат правилата за заштита на живоните и нивната благосостојба. Главна цел на работилницата е да овозможи да одгледувачите на животни од Македнија, станат свесни за нивните одговорности кои произлегуваат од законот и регулативите поврзани со благосостојбата на животните. Повеќе информации за работилницата и документацијата потребна за учество на истата може да добиете со превземање на фајловите во подолу наведените линкови :Англиска верзија : Проект менаџери :Проф.Д-р Влатко Илиески Проект менаџерФакултет за ветеринарна медицина - Скопје Проф.Д-р Мишо Христовски Декан Факултет за ветеринарна медицина - Скопје г-дин. Гарет ТомасИнтернационален проект менаџерРСПЦА- Интернационал
|
|
|
Распоред на настава за летен семестар 2007/2008 година |
|
|
|
7.02.2008. |
Распоредот за теоретска и практична настава на Факултет за ветеринарна медицина - Скопје за летниот семестар во академската 2007/2008 година можете да го превземете доколку кликнете на линкот подолу . |
|
|
Донација на ФВМ |
|
|
|
12.01.2008. |
На ден 11 јануари 2008 година се изврши примопредавање на опремата која беше донирана на ФВМ - Скопје од страна на Институтот за информациски науки(ИЗУМ) од Марибор - Словенија , Националната и Универзитетска Библиотека "Св.Климент Охридски". Опремата која беше донирана се состоеше од : Персонален сметач (компјутер) , печетач за етикети и бар-код читач чија набавка е финансирана од ИЗУМ. Опремата која беше донирана ќе с екористи за вклучување на ФВМ - Скопје во проектот COBISS.MK и имплементирање на истиот. |
|
> > >
|
|
|
За неколку денови стартува web страната на ССФВМ |
|
|
|
27.12.2007. |
За неколку работни дена ќе стартува web страната на Сојуз на студенти при Факултет за ветеринарна медицина - Скопје . Страницата е сеуште во изработка .Можете истата да ја погледнете на http://ssfvm.fvm.ukim.edu.mk/ Администраторски тим на Фвм
|
|
|
Ја надминавме бројката од 5000 посетители |
|
|
|
27.12.2007. |
Интернет страната на Факултетот за ветеринарна медицина - Скопје започна со работа од 18.10.2007 година. Како што може да забележите до денес 27.12.2007година ја надминавме бројката од 5000 посети на порталот , 55 корисници регистрирани на Moodle сервисот за online учење и 31 регистриран корисник на Форумот за студентите.За нас ова претставува еден огромен успех и задоволство . Се надеваме дека и понатаму ќе продолжи да се зголемува посетеноста на порталот ФВМ. Воедно и Ви посакуваме Среќни Новогодишни и Божикни празници и Ви посакуваме и понатаму да продолжите со разгледување на содржините на порталот на ФВМ. Администраторски тим на ФВМ |
|
|
Имплементиран е сервисот за on-line учење |
|
|
|
15.11.2007. |
Мудл сервисот кој што е поставен на web страната на ФВМ којшто истотака е наменет за on-line учење на студентите е имплементиран на ден 15 Ноември а ќе започне со работа на ден 19 Ноември 2007 год . До него можете да пристапите од главното мени на web страната .Се што треба да се направи за да може да се користи овој сервис е студентите да си направат сметки (регистрираат на него ) при што ке добијат побрз пристап до материјали и електронски помагала кои би им го олесниле учењето по било која наставна програма од студиите. При регистрација на студентите на сервисот треба како нивно ID или username (корисничко име ) да го впишат бројот на нивното досие(бр. на индекс) а додека лозинката на сметката си ја одбираат по нивна желба . Ви посакуваме успешно on-line учење Администраторски тим на ФВМ |
|
|
Доделување на Дипломи на ФВМ |
|
|
|
12.11.2007. |
И оваа година по дванаесетти пат на 12 Ноември 2007 год. свечено беа доделени дипломите на студентите кои что дипломирале во академската 2006/2007 година. Церемонијата се одржа во просториите на факултетот. На церемонијата Деканот на ФВМ Проф.Д-р Мишо Христовски одржи говор пред колегите кои веќе ѓи завршиле студиите и се стекнале со титулата Доктор по ветеринарна медицна. После мотивациониот говор на Проф.Д-р Мишо Христовски свечено се доделија дипломите . На оваа дванаесета по ред церемонија од ваков тип 47 студенти си ги подигнаа дипломите со што и ѓи завршија студиите. На церемонијата беа прогласени и тројцата најдобри студенти кои што дипломирале во академската 2006/2007 тоа се: |
|
> > >
|
|
|
|