Центар за благосостојба на животните

Флаерот можете да го превземете тука.

Центарот за благосостојба на животните се обрзува согласно номинирањето од страна на Агенцијата за храна и ветеринарство:

  • обезбедува стручно административна обука за надлежниот орган и релевантните сектори кои се однесуваат за нивната компетентност за благосостојбата на животните,
  • изготвува програма за континуирано образование,
  • издава соодветни сертификати,
  • го спроведува испитот од областа на благосостојбата на животните за Агенцијата за храна и ветеринарство.

Центарот за благосостојба на животните дава соодветна обука во поглед на благосостојбата на животните за:

  • лицата кои се ангажирани за водење грижа за фармските животни, дека истите добиле обука за исполнување на одредбите од правилникот за условите и начините на заштита на фармските животни. Соодветно теориско и практично знаење за лицата кои вршат надзор за препознавање дали животните се во добра здравствена состојба или не, препознавање на значителни промени во однесувањето, проценка дали околината е соодветна за здравјето и благосостојбата на животните.
  • лза персоналот ангажиран за преносот, сместување во кланично депо, фиксирањето, зашеметување, колење или убивање на животни деќа истите ќе се стекнат со знаење и вештини за хумано и ефикасно извршување на задачите како и за начинот на вршење надзор.
  • лобука за персоналот кој врши превоз, натовар, истовар на животни за да ги извршува своите обврски без употреба на сила,или било кој друг метод со кој се предизвикува непотребно страв, болка страдање или повреда на животните и за начинот на вршење надзор.
  • ллицата кои ги спроведуваат или учествуваат во спроведувањето на експериментите, лицата кои се грижат за животните кои се користат во експериментите како и лицата кои спроведуваат надзор
  • ллицата ангажирани во прифатилиштата за бездомните животни, за начинот и постапките за евтаназијата пропишани според правилникот како и за начинот на вршење надзор.