Основна намена:

Прием на пациенти (домашни миленици и други егзотични животни), кои доаѓаат во клиниката заради специјалистички прегледи и третмани, во рамките на терцијалната дејност спроведување на превентивни програми, совети за посебни нутртитивни програми.

Составни делови на клиника:

Приемно одделение, амбуланта за преглед, стационар, вежбална со опрема за видео-презентација, лабораториски дел, комплетен хируршки оддел.

Приемен оддел – првиот контакт на пациенти со клиниката, прием на податоци, првична проценка на пациентот и заведување на општите информации за пациентот и сопственкиот.

Амбуланта за преглед – спроведување на основни и спцеијалистички дијагностички постапки, земање биолошки материјали за понатамошна обработка, воспоставување тераписки протокол. Во овој оддел се спроведуваат и специјалистички ЕКГ- снимања, ултразвучни прегледи на абдомен и граден кош и репродуктивни органи, спроведување на други видови анализи на биолошки материјал (специфична тежина на урина, основен хематограм, преглед на кожа).

Стационар – поделен на два дела. Првиот оддел е единица за интензивна нега каде што пациентите се под континуиран надзор, спроведување на терапија, исхрана со специјално наменети нутритивни додатоци, хигиена, основна физикална терапија основни стоматолошки постапки и отстранување на забен камен. Вториот оддел е работен дел за пациенти кои не се хоспитализирани а редовно се терапираат, каде воедно се спроведуваат и вежбовни активности со студентите.

Лабораториски дел – во овој оддел се спроведуваат сите специјализирани хематолошки процедури, преглед на урина и други биолошки материјали. Соодветната опрема во лабораторијата овозможува добивање на голем број наоди со кои овозможуваат подобра дијагностика на состојбата на животното и спроведување ефикасна терапија.

Хируршки оддел – составен од сите потребни простории (подготовка на пациенти, предоперативен дел, операциона сала) во кои се спроведуваат посложени оперативни постапки за кои е потребна високо-специјализирана опрема. Инхалационата анестезија овозможува дополнителна сигурност кај сите видови животни кои подлегнуваат на оперативна интервенција.

Просторија за подготовка на инструменти и стерилизација – во овој одел се подготвуваат и стерилизираат сите потребни инструменти кои се користат кај животните.

Магацински дел – во оваа просторија ни е овозможено адекватно складирање и чување на целокупниот потребен потрошен материјал кој се користи во текот на работата во клиниката.