Универзитетска ветеринарна болница е единствена модерна и современо опремена клиника во Македонија која функционира во рамките на Факултетот за ветеринарна медицина во Скопје. Со оваа болница се зголеми квалитетот на здравствените услуги за животните. Опремена е со современи апарати за дијагностика и за лекување. Се состои од стационар, хирушка сала, рендген сала, ЕХО дијагностика, ЕКГ дијагностика и три лаборатории: микробиолошка, паразитолошка и биохемиска кои поседуваат најсовремени апрати за поставување на брза и точна дијагноза. Покрај ова, сопствениците на домашни миленичиња добиваат и упатства и совети како да се грижат за нив. Примарна цел на оваа болница е едукација на студентите, преку нивна обука и практичната настава. Освен тоа, болницата овозможува усовршување на академскиот кадар и научно- истражувачка дејност.

Повеќе информации можете да најдете тука.