Факултетот поседува и компјутерска училница во склоп на библиотеката со 15 нови компјутери и со перманентна интернет конекција, како и пристап до CLIVE базата на податоци.

Факултетот за ветеринарна медицина преку реализација на Темпус проектот CDJEP-15017-2000 ”Унапредување на ветеринарната едукација во Р. Македонија” стана асоцијативен член на CLIVE конзорциумот. Со тоа Факултетот се здоби со можноста за употреба на компјутерски едукативни програми издадени од овој конзорциум во своите наставни програми.

Збогатувањето на библиотеката со нови наслови на компјутерски едукативни материјали како и опремениот компјутерски центар на студентите им овозможува не само користење на CLIVE едукативните програми туку и поедноставен пристап до интернет и до најважните меѓународни бази податоци од областа на ветеринарната медицина.

Компјутерскиот центар е дизајниран за употреба на студентите и професорите од Факултетот со цел употреба на модуларна настава. Ваквиот пристап ја осовремени наставата и ја овозможи полесна примена на ЕКТС. На студентите им се достапни преку 70 едукативни програми од CLIVE пакетот. Овие програми можат да ги користат и докторите по ветеринарна медицина заинтересирани за континуиран професионален развој и студентите од сродните области како на пр. Медицина, Земјоделски или Биолошки науки. За оваа цел е изработена и информативна брошура со скратен приказ на компјутерските едукативни програми кој ги содржи компјутерскиот центар.

Наставниот персонал има достап до над 70 компјутери поврзани во интерна мрежа и перманентно конектирани на интернет.

Со потпишаниот договор меѓу Министерството за образование и наука на РМ и издавачката куќа Elsevier, а преку Универзитетската компјутерска мрежа, на Факултетот за ветеринарна медицина му е овозможен пристап и користење на најголемата светска електронска база на податоци SCOPUS која располага со 27 милиони записи и 230 милиони референци од преку 14000 журнали.

На овој начин на наставниот кадар и на студетните на факултетот им е овозможен пристап до целосните текстови на научните статии од списанијата кои ги издава оваа издавачка куќа. Договорот овозможува користење на базата до крајот на 2007 година (со право на негово продолжување).

Едновремено факултетот е и регистриран корисник на Ebsco базата на податоци, а во преговори со Elsevier е и користењето на базата на научни списанија ScienceDirect за прситап кон целосни текстови.

За потребите на наставата, континуирано или повремено се користи и апаратурата за научно-истражувачки и комерцијални цели (микроскопи, ултразвучни скенери, рентген апарат, биохемиски анализатори и сл.)