ОПРЕМА ЗА ПЛАСТИНАЦИЈА

ЗАМРЗНУВАЧ ЗА ПЛАСТИНАЦИЈА

Замрзнувачот во пластинацијата е адаптиран за дехидратција и за форсирана импрегнација. На дното од надворешната страна е појачан со челичен оклоп кој е издолжен на едната страна на кое место се наоѓа моторот. Постои огноотпорна плоча помеѓу фрижидерот и моторот која е сместена по целата должина на замрзнувачот. Замрзнувачот има отвори од кои една од нив е за пристап за вакум пумпата.

ВАКУМ КОМОРА ЗА ПЛАСТИНАЦИЈА

Создадена е за пластинација на органи со различна големина. На горниот крај се става стаклена плоча која дозволува визуелна контрола на процесот за импрегнација.

ЧЕЛИЧНА КОШНИЦА

Челичната кошница е со големина на волуменот на вакум комората за пластинација. Служи за сместување на органите и нивно изнесување од импрегнационото купатило. ВАКУМ КОНТРОЛЕР

Служи за одржување на константен вакум. Се користи најчесто во првите 2/3 од форсираната импрегнација. Дозволува мануелно, полуавтоматско и автоматско регулирање на притисокот во вакум комората.

ВАКУМ ПУМПА ЗА ПЛАСТИНАЦИЈА

Брзинта на пумпата потребна за пластинација зависи од волуменот на импрегнационата бања. Правило: брзина 1м3/х за 10 л импрегнациона бања.

ОПРЕМА ЗА ДЕХИДРАТАЦИЈА

АЦЕТОНОМЕТАР 0-100% – Служи за мерење на концетрацијата на ацетон.

АЦЕТОМЕТАР 90-100% – Се користи во последната ацетонска бања за добивање на прецизни податоци.

МАЛ ГАСЕН КОНЗЕРВАТОР

Служи за конзервирање на мали примероци со силикон. Се состои од пластична кутија, една ролна фолија, вазелин за ваздушна заштита, една мембранска пумпа за приклучок на гасниот конзерватор и чаша за С6 силиконскиот зацврстувач.

ПОЛИМЕРИ-ХЕМИКАЛИИ

С10 : Силиконска гума која е за импрегнација на сите видови на органи. Лесна е за користење и бара минимална опрема. Импрегнационата бања може да се користи во континуитет за понатамошни импрегнациони циклуси или да се чува на -70оЦ.
С6 : Силиконски зацврснувач.
С3 : Силиконски издолжувач(зацврстувач) на С10.

ДОКУМЕНТИ

1. Постапка за пластинација
2. Endoscopy and bronhoscopy of dog plastinated specimens