Лабораторијата за патологија и патохистологија се состои од два дела:

  • обдукциска сала, и
  • патохистолошка лабораторија

1. Обдукциска сала

Активности:

  • Обдукција на угинати животни;
  • Утврдување на патолошко анатомските промени;
  • Обдукција на абортуси и утврдување на причина за нивно настанување;
  • Отварање на глави од угинати животни и земање на материјал за испитување на Беснило или ТСЕ;
  • Утврдување на патолошко анатомските промени во форензички случаеви;
  • Земање на материјал за понатамошно испитување.
  • 2. Патохистолошка лабораторија


Активности:

  • Обработка на материјалите земени за патохистолошко испитување (парафинизирање, сечење и боење);
  • Обработка на материјалите земени за имунохистохемиско, цитолошко или криостатско испитување;
  • Дијагностицирање на направените препарати.


Во работата се користат современи апарати за парафинизирање, сечење и боење на резовите. Покрај патохистолошките препарати, во лабораторијата се изготвуваат имунохистохемиски, цитолошки и криотомски препарати.

Истражувачка дејност:

  • Дијагностика на заразни болести (класична свинска чума, PRRS, BSE и др.);
  • Дијагностика на паразитарни болести;
  • Дијагностика на тумори (онкологија);
  • Дијагностика на кожни заболувања (дерматологија);
  • Дијагностика на болести кај егзотични животни;
  • Експериментални истражувања на лабораториски животни.