Лабораторијата се бави со испитување на паразитарни заболувања кај домашните и дивите животни и идентификација и детерминација на паразити и паразитарни елементи поврзани со здравјето на животните (трематоди, цестоди, нематоди, протозои и ектопаразити). Во лабораторијата се испитуваат и зоонози – болести кои се пренесуваат од животните на луѓето како што се Ехинококоза (Echinoccus granulosus), Токсоплазмоза (Toxoplasma gondii), Лајшманиоза (Leishmania infantum), Трихинелоза (Trichinella spp.), Цистицеркоза (Cisticercus) , Саркоцистоза (Sarcocystis spp.).

РУТИНСКИ МЕТОДИ НА ИСПИТУВАЊЕ ЗА КЛИЕНТИ

МАЛИ ЖИВОТНИ

Метода

Индикации

Најчести клинички симптоми

Баерманова метода

Нематодни ларви (Strongyloides, Aleurostrongylus). *Потребно е од 24-48 часа.

Кашлање, мрсулавење и други белодробни сипмтоми и дијареа најчесто кај малите животни .

Фекална флотација
(ZnSO4 )

Рутинска флотација за скрининг на празитарни елементи (јајца, ооцисти).

Цревни проблеми како што се дијареи, слузава или крвава столица, слабеење, анемија.

Фекална флотација
(Sheater)

Фекална флотација, вклучувајќи и тении.

Цревни проблеми како што се дијареи, слузава или крвава столица, слабеење, анемија.

Knott тест

Микрофиларии на Dirofilaria spp.

Замор и отежнато дишење при подолготрајно одење или друга физичка активност.

ИФАТ метода
за детекција на антитела против лајшманија

Лајшманијаза кај кучињата (Leishmania infantum).

Кожни промени, фебра, промени на очите, слабеење, промена на ноктите на нозете.

Молекуларна дијагностика (PCR метод) за докажување на лајшманија

Лајшманијаза кај кучињата (Leishmania infantum).

Кожни промени, фебра, промени на очите, слабеење, промена на ноктите на нозете.

Периферна крв обоена по Gimsa

Бабезиоза (Babesia spp.).

Зголемена температура, анемија, иктерус, крваво мокрење.

Обработка на кожни струготини со 10% KOH

Кожни промени како последица од ектопаразити (Demodex, Sarcoptes, Notoedres,)

Кожни промени проследени со или без чешање, рани.

Паразитарна идентификација

Идентификација на хелминти и артроподни паразити (адултни црви, крлежи, шугавци).

Наод на паразити во изметот, на кожата или постмортално во цревата и другите органи.

Седиментација

Трематодни јајца.

Цревни проблеми.

Претрага на нативен препарат

Докажување на цисти и вегетивни облици на Giardia spp.

Хронична дијареа.

Важно: присуството на паразити не мора да е проследено со клинички симптоми. Пред дехелминтизација обавезно треба да се прегледа изметот за да се третира со адекватен антихелминтик.

ГОЛЕМИ ЖИВОТНИ

Метода

Индикации

Најчести клинички симптоми

Баерманова метода

Нематодни ларви (белодробни влакна).

*Потребно е од 24-48 часа.

Кашлање, мрсулавење и други белодробни сипмтоми.

Фекална флотација
(ZnSO4 )

Квалитативна скрининг метода за детерминација на паразитарни елементи (јајца, ооцисти).

Цревни проблеми како што се дијареи, слузава или крвава столица, слабеење, анемија.

Модифицирана Мек Мастерова метода

Квантитативна метода за испитување на бројот на паразитарни јајца во грам на измет (мали и големи преживари и коњи) и процена на потреба од дехелминтизација.

Цревни проблеми како што се дијареи, слузава или крвава столица, слабеење, анемија.

Копрокултура

Одгледување и идентификација на ларвите од 3 степен за детерминација на видот на паразитот.

Анемија, слабеење, дијареа.

Тест на редукција на јајцата во грам на измет

Испитување на делотворноста на антихелминтикот и евентуално постоње на антихелминтска резистенција.

Клиничките симптоми по аплицирање на лекот се ублажуваат но не се елеминираат – можност од постоење на резистенција према антихелминтикот.

Периферна крв обоена по Gimsa

Бабезиоза (Babesia spp.), тајлериоза (Theileria spp.), анаплазмоза (Anaplasma).

Зголемена температура, анемија, иктерус, крваво мокрење.

Обработка на кожни струготини со 10% KOH

Кожни промени како последица од ектопаразити. (Sarcoptes, Psoroptes, Chorioptes) .

Кожни промени, чешање, опаѓање на волната, вознемиреност и намелена млечност на овците.

ЕЛИСА метод

Доказ на присуство на антитела за Toxoplasma gondii.

Абортус

Паразитарна идентификација

Идентификација на хелминти и артроподни паразити (адултни црви, крлежи, шугавци).

Наод на паразити во изметот, на кожата или постмортално во цревата и другите органи.

Седиментација

Трематодни јајца.

Цревни проблеми, иктерус, зголемена температура, подвиличен едем.

Важно: присуството на паразити не мора да е проследено со клинички симптоми, а може да предизвика намалена млечност и прираст. Пред дехелминтизација обавезно треба да се прегледа изметот за да се третира со адекватен антихелминтик.

Доколку се најдат малку јајца во грам на измет, не е потребна дехелминтизација. Потребно е лековите да се ротираат за да се избегне појавата на резистенција према лековите.

 

Лабораторијата дава и интерпретација на резултатите и совет за најадекватна терапија.

Кај фармските животни се врши проценка на потребата од дехелминтизација и врз основа на наодот се препорачува и најадекватно терапирање.

Во лабораторијата се врши и испитување за евентулно постоење на анитхелминтска резистенција во стадото и испитување на ефикасноста на дадениот антихелминтик врз паразитите во стадото.

Земање и испраќање на измет за анализа: Земањето на изметот кај големите животни треба да биде дирекно од ампулата на ректумот, додека кај малите животни веднаш после дефекација. Изметот се става во пластичен непропуслив сад или непропустлива најлон вреќичка. За квантитативни методи потребно е да се истисне воздухот од најлон вреќичката. Изметот се транспортира во разладен уред во присуство на мраз (изметот не смее директно да го допира мразот) или се чува на +40C до транспортирање во лабораторија (најдобро во рок од 24 часа).

Испраќање на крв или серум за анализа: во договор со лабораторијата се зема полна венозна крв или се одвојува серум. Крвниот размаз се прави со периферна крв од ушка или опаш. Крвта се транспортира на +40C.

Испраќање на органи за паразитолошко испитување: црева и желудник – треба да се подврзани за двата краја заедно со содржината. Сите органи треба да се достават во непропустлив пластичен сад.

За консултација и совет може да се обратите на :

доц. д-р Јована Стефановска

дипл.вет. Зоран Кочевски

тел: 02-3240759

тел: 02-3240784

маил: jstefanovska@fvm.ukim.edu.mk

zkochevski@fvm.ukim.edu.mk

Истражувачки активности:

„Серопреваленца и молекуларна дијагностика на висцералната лајшманијаза кај кучињата во Република Македонија.”

„Одредување на присуство на антихелминтската резистенција кај козите во Р.М.”

„Одредување на сезонската динамика на најважните ендопаразити кај малите преживари”.

„Паразитолошка карта на најважните паразити кај овците во Република Македонија”.

Во лабораторија се врши и пластинирање на макроскопски препарати на паразити.