Лабораторијата за контрола на квалитет на храна е акредитирана лабораторија според ISO 17025 стандардот и е овластена за вршење на анализи и суперанализи на храна и добиточна храна. Има современа опрема за мерење и испитување, како и инфраструктура за правилно и сигурно изведување на испитувањата. Во лабораторијата се врши контрола на квалитетот на храната од животински и растително потекло, контрола на квалитет на добиточна храна, контрола на квалитетот на вино и мед, како и контрола на квалитет на вода за пиење и вода која се користи во производство.

Испитувањата на исправноста на храната се врши според важечките законски прописи и правилници кои што го одредуваат квалитетот на храната и добиточната храна. Во лабораторијата се извршуваат следниве анализи:

1. Млеко и млечни производи

  • Протеини (Kjeldahl метода)
  • Масти (Gerber- метода)
  • Маст во сува материја
  • Содржина на влага
  • Вкупни суви материи
  • Шеќери
  • Лактоза
  • Киселински степен
  • Одредување на нутритивна вредност

2. Месо и производи од месо

  • Протеини (Kjeldahl метода)
  • Масти
  • Содржина на влага
  • Сува материја
  • Определување на вкупен пепел
  • Содржина на сол
  • Содржина на нитрити (колориметриска метода)
  • P2O5
  • Одредување на нутритивна вредност

3. Добиточна храна

  • Определување на содржина на азот и калкулација на содржина на сурови протеини (Kjeldahl метода)
  • Определувње на содржина на масти
  • Содржина на влага
  • Определување на суров пепел
  • Определување на соджина на фосфор (спектрофотометриски)
  • Определување на содржина на калциум
  • Целулоза
  • Определување на енергетска вредност

4. Храна од растително потекло

  • Протеини (Kjeldahl метода)
  • Определување на содржина на масти
  • Содржина на влага
  • Сува материја
  • Определување на вкупен пепел
  • Содржина на сол
  • Скроб
  • Определување на вкупни шеќери
  • Определување на киселински степен
  • Определување на содржина на диететски влакна
  • Одредување на нутритивна вредност

5. Вино

  • Содржина на редуцирани шеќери
  • Определување на испарливи киселини
  • Слободен SO2
  • Вкупен SO2
  • Вкупна титрациона киселост (потенциометриски)
  • Содржина на вкупен сув екстракт
  • Вкупна алкохолна јачина
  • Содржина на пепел
  • Густина и специфична тежина

6. Мед

  • Електрична спроводливост
  • Пролин
  • Хидроксиметилфурфурол
  • Редуцирани шеќери (гравиметриска метода)
  • Определување на активноста на инвертаза
  • Киселост (титриметриска метода)
  • Содржина на вода
  • Содржина на минерални материи
  • Сахароза
  • Содржина на гликоза (титриметриска метода)
  • Содржина на фруктоза
  • 7. Вода за пиење и вода која се користи во производство

    • Определување на содржина на амоњак
    • Определување на содржина на нитрити
    • Определување на содржина на нитрати
    • Потрошувачка на KMnO4
    • Хлориди
    • Резидуален хлор
    • Вкупна тврдина
    • Алкалитет
    • Карбонатна тврдина
    • Определување на содржина на сулфати