Лабораторијата за фармакологија и токсикологија во рамките на истоимената Катедра е современа лабораторија овластена од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство на Република Македонија за фармаколошко-токсиколошки испитувања на ветеринарно медицинските препарати (ВМП), помошни средства и медицински помагала во постапката за нивна регистрација и обнова на регистрација.

Лабораторијата ги реализира испитувањата компетентно и независно во согласнот со современите достигнувања на токсикологијата и фармакологијата, према упатсвата и начелата на добрата лабораториска пракса i според монографиите на важечките фармакопеи, валидираните методи предложени од производителите, домашни и меѓународни стандарди и важечката законска регулатива.

Во својата дејност лабораторијата обавува:

  • лабораториско испитување на фармаколошко токсиколошката безбедност на ВМП, хомеопатските лекови, хербалните лекови, биоцидните средства и медицинските помагала за употреба во ветеринарната медицина;
  • проценка, верификација и стручен извештај за документацијата, како и стручно мислење за ВМП во постапката за нивна регистрација и обнова на регистрација во РМ;
  • мониторинг на ВМП (и нивна злоупотреба) и мониторинг на здравјето на животните и животната средина со цел спречување на изложеност на токсични хемикалии и минимизирање на штетните ефекти;
  • обезбедување на стручни информации во врска со ВМП, биоцидите и токсичните хемикалии во употреба на домашниот пазар и совети во случај на појава на несакани ефекти и труења кај животните од истите;
  • континуирана доживотна едукација и едукација во рамките на додипломските и последипломските студии на ФВМ-С од областа на фармакологијата и токсикологијата и реализирање на научно-истражувачки студии од истата област;
  • учество во подготвување и усогласување на законската регулатива од подрачјето на ВМП и медицинските помагала со регулативата на Европската Унија и со прописите и смерниците на меѓународните институции;