Во оваа лабораторија при Ветеринарниот институт се вршат повеќе испитувања кои се првенствено профилирани за потребите од Годишната наредба за здравтвена заштита на животните. Така на пример во пчеларството покрај дијагностиката на Американската чума на пчелното легло се врши испитување и скоро на сите преостанати болести кај пчелите со различита етиологија како на пример Ноземоза, Варооза, Акароза, Мајска болест, Европска чума на пчелно легло и т.н. Покрај овие лабораториски испитувања располагаме и со пчеларник во оквирот на катедрата каде се извшуваат бројни експерименти за потеребите на пчеларствот во Р.македонија како и тестирање на различити лекови против болестите.

Од областа на рибарството исто така се вршта повеќе лабораториски испитувања првенствено на болести кај рибите со различита етиологија. Приоритет преставуваат болестите кои се влезени во Годишната наредба за здравствена заштита на животните односно Заразните болести кај рибите како што сеЧ Пролетна виремија кај крапот, Вирусна хеморагична септикемија кај пастрмките, Заразна хематопоезна некроза кај пастрмките, Заразна некроза на панкреасот кај пастрмките и Бактериски нефритис кај пастрмките. Покрај овие болести во лабораторијата можат да се вршат повеќето преостанати бактериски болести, паразитски болести како и хелминтозоонозите. Исто така за потребите на аквакултурата во Македонија односно во договорните односи со поедини рибни фарми се вршат посети со испитување на повеќе параметри на водата како кислород, јагленороден диоксид, амоњак и т.н. Апликативната работа претставува приоритет на ова лабораторија.

Ловството како стопанска гранка исто така наоѓа место во оваа лабораторија која во иднина би требало да биде како сервис за сите концесионери на ловиштата. Покрај болестите на дивечот кои можат да се испитуваа во оваа лабораторија (Трихинелоза, Ехинококоза, Цистицеркоза, Фасциолоза, Беснило, Туларемија, Бруцелоза, Токсоплазмоза, Птичји грип и т.н.) апликативната работа ќе биде и во иднина на услуга на корисниците на ловот со стручни експертизи, посети, мислења, елаборати.