Оваа лабораторија употребува и развива современи биотехнолошки методи за подобрување на генетскиот напредок во сточарството, како за испитување и одржувањето на генетска различност кај домашите раси на животни. Таа ги употребува Ембриотрансферот (ЕТ) и ин витро производство на ембриони, како технологии за асистирана репродукција, кои ветуваат побрз и посигурен напредок во генетски квалитет во домашни животни. Со нив, почитувајќи соодветни процедури, ризикот од преносливи инфекциски зарази е минимален, за разлика од природно парење или вештачко осеменување. Исто така, овие техники овозможуваат, по пат на длабоко замрзнување сочувување на генетскиот материјал (ембриони јајце клетки, и семе од машки раплодници), теоретски неограничено долго.

Лабораторијата исто така соработува со сродни институции од земјата и странство за реализација на научно-истражувачки проекти од областа на асистирана репродукција.

Мултипла овулација и Ембриотрансфер (МОЕТ)

Суперовулација и добивања не ембриони

  • Преглед за одбирање на донорите на ембриони
  • Хормонални процедури за суперовулација кај донорите)
  • Процедури за синхронизација на реципиентите)
  • Добивање на ембриони со различни методи медиуми за промивање на матката (нехируршки, хирурпки, лапароскопски)

Манипулација со ембрионите ин витро

  • Преглед, проценка на квалитетот и класификација на ембрионите
  • Регуларност на изгледот
  • Компактност на бластомерите
  • Униформност во големината на бластомерите
  • Боја и исполнетост на цитоплазмата
  • Дијаметар на ембрионот
  • Присуство на исфрлени клетки
  • Правилност на Зона Пеллуцида
  • Присуство на везикули
  • Извршување на сродни манипулации (делење, сексирање, клонирање)
  • Култивирање и кратковремено чување на ембрионите
  • Замрзнувањето на ембрионите со разни методи (класична, витрификација, „извлекување на паети“)
  • Одмрзнување на ембрионите и пресадување во реципиенти
  • Дијагностика на гравидитет со ултразвук

Протоколи за IVP (in vitro производство) на ембриони – IVM/IVF/IVC

  • Аспирација на јајце клетки од јајници добиени од кланица
  • Добивање на јајце клетки од живи донатори донатори (ултразвучно водена аспирација на фоликули Ovum pick-up OPU)
  • Извршување на процедурата за матурација на јајце клетките во CO2 инкубатор
  • Подготвовка на спермата и проценка на степенот на матурација на јајцеклетките за ин витро оплодување
  • Култивирање на оплодените јајцеклетки
  • Замрзнување и подготовка за пресадување на ембрионите

Примена на лапароскопска техника во асистирана репродукција

  • Дијагностика на гравидитет
  • Лапароскопско осеменување на мали преживари
  • Лапароскопско пресадување на ембриони