1. ДЕФИНИЦИЈА НА ПРЕДМЕТОТ: Внатрешни болести на фармски животни

Предметот Внатрешни болести кај фармски животни ги опфаќа и обработува болестите кај крупните и ситните преживари како и кај свињите, а кои не се предизвикани од инфективни или инвазивни агенси.

2.ПРЕДМЕТ ВО ВЕТЕРИНАРНАТА ЕДУКАЦИЈА

Внатрешни болести кај фармските животни е клинички предмет и е задолжителен.

3.ЦЕЛ НА ПРЕДМЕТОТ

Главна задача на предметот е изучување на болестите и болните состојби предизвикани од дејство на надворешни и внатрешни фактори од механичка, хемиска или друга природа, болести настанати како последица на пореметување во метаболизмот на протеините, мастите, јаглехидратите, минералите, витамините, болести предизвикани од труења со тешки метали, минерали и сл. Во овој предмет не се обработуваат болестите предизвикани од инфективни или инвазивни причинители, болестите на репродуктивните органи и вимето, хирургијата, офталмологијата и онихологијата кај преживарите и свињите кои се предмет на изучување на други предмети.

Во текот на практичната работа студентите се стекнуваат со основни искуства и вештини кои ќе им бидат неопходни за успешно извведување на сите потребни дијагностички и терепевтски техники и процедури.

Основни вештини со кои студентите се стекнуваат по завршувањето на овој предмет:

  • Вадење на крв,
  • Сондирање со езофагеална и носна сонда,
  • Катетеризација со уринарен катетер,
  • Одредување на состојба на кетоза со помош на Rothera тестот,
  • Апликација на медикаменти и дијагностички супстанци: i/m, s/c, i/v и кутано.
  • Орална апликација на медикаменти

4.ИЗВЕДУВАЊЕ НА НАСТАВАТА

Наставата се изведува во VIII семестар, со вкупен број на 185 часови од кои 95 часа се теоретска настава и 90 часа се пректична настава за студентите.

5.МЕТОДОЛОГИЈА НА ПРЕДМЕТОТ

Теоретска настава: интерактивна (предавања во голема група со дискусија и ангажирање на студентите). Практична настава: вежби и други облици на работа во помали групи. Семинарска работа: учење со користење стручна литература и интернет, изготвување семинарски труд (есеј/постер); презентација и дискусија за семинарската работа