1. ДЕФИНИЦИЈА НА ПРЕДМЕТОТ: Визуелни дијагностички методи

Визуелно дијагностичките методи овозможуваат дијагностика на патолошко-анатомските промени во организмот на домашните животни со помош на влијанието на х-зраците врз пациентот и рентгенскиот филм, односно екранот за рентгеноскопија, со цел дијагностика и/или терапија на заболувањата.

2. ПРЕДМЕТ ВО ВЕТЕРИНАРНАТА ЕДУКАЦИЈА

Визуелни дијагностички методи е базичен (задолжителен) предмет.

3. ЦЕЛ НА ПРЕДМЕТОТ

Главна задача на предметот е да ги запознае студентите со употребата на х-зраците, со цел дијагностика на органските заболувања, кои се манифестираат на рентгенскиот филм, со промена на положбата и изгледот на органите и органските системи преку промена во широкиот спектар на најразличните сенки и полусенки на истите.

Теоретската настава има за цел да ги опише главните принципи на ветеринарната општа и клиничка рентгенологија, физикална терапија и ултрасонографија.

Практичната настава ги запознава студентите со условите за работа во рентгенски кабинет, делови и функционирање на рентгенскиот апарат, добивање на рентгенската слика и принципи и начини на анализа на снимките, анализа на органските системи со примена на соодветни рентгенски техники и употреба на контрастни средства за специјална дијагностика.

4. ИЗВЕДУВАЊЕ НА НАСТАВАТА

Наставата се изведува во шестиот (IV) семестар со вкупен број на 45 часови, од кои 15 часа се теоретска настава и 30 часа се пректична настава.

5. МЕТОДОЛОГИЈА НА ПРЕДМЕТОТ

Теоретска настава: интерактивна (предавања во голема група со дискусија и ангажирање на студентите).

Практична настава: се изведува во кабинетот за визуелни дијагностички методи (линк за сликите) во помали групи каде студентите имаат интерактивно учествуво во методските единици со цел поедноставно совладување на материјалот и правилно толкување на добиените слики од целните снимања.

Семинарска работа: изготвување на семинарски труд, презентација и дискусија на истиот.