Дефиниција на предметот

Предметот Управно ветеринарство го изучува ветеринарното законодавство, меѓународните стандарди и се што е поврзано организацијата и активностите на ветеринарната професија.

Позиција на предметот во ветеринарната едукација

Ветеринарната професија е законски регулирана професија. За сите сегменти на нејзиното дејствување постојат национални и меѓународни системи, закони и стандарди. Преку предметот Управно ветеринарство студентите се запознаваат со нив, за да бидат оспособени успешно да се вклучат во работата на системите и различните области кои ги покрива ветеринарната медицина.

Поврзаност на предметот со претходната и идната едукација

Предметот Управно ветеринарство ги обединува знаењата кои студентот претходно ги стекнал во другите предмети од областите на здавствената заштита на животните, безбедноста на храната, ветеринарно медицинските препарати, добиточна храна, благосостојба на животните и др. Педметот е основен предуслов за понатамошна едукација и стекнување на статус на официјален и овластен ветеринар.

Општи цели на предметот

Целта на предметот Управно ветеринарство е да ги воведе студентитите, како идни официјални и овластени доктори по ветеринарна медицина, во правното уредување на државата, во принципите на ветеринарната меѓународна и национална легислатива, организацијата на ветеринарната служба во светски рамки, во ЕУ и во Република Македонија.

ПРОГРАМА

а/Теоретска настава Устав на РМ, примарно и секундарно законодавство, Закони кои го уредуваат работењето на органите на управа, Закон за општа управна постапка.

Меѓународни стандарди во ветеринарната медицина и организација на ветеринарната професија на меѓународно ниво: ОИЕ, СТО СПС договор, Codex alimentarius.

Ветеринарно законодавство на ЕУ (Acquis comunitaire veterinaire), институции и организација на ветеринарната служба во ЕУ и процес на хармонизација на македонското национално законодавство со она на ЕУ.

Македонско национално законодавство во областа на ветеринарството: Закон за идентификација и регистрација на животните и пратечки подзаконски акти, Закон за ветеринарно здравство и пратечки подзаконски акти, Закон за безбедност на храната и пратечки подзаконски акти, Закон за благосостојба и заштита на животните и пратечки подзаконски акти, Закон за отпадоци и нус-производи од животинско потекло и пратечки подзаконски акти, Закон за ветеринарно медицински препарати и пратечки подзаконски акти, Закон за добиточна храна и пратечки подзаконски акти, Годишна програма за здравствена заштита на животните, Повеќегодишни програми за сузбивање на различни болести на територијата на РМ.

б/Вежби

Законски акти во ЕУ: Директиви, регулативи и одлуки

Акти и документи кои се носат од страна на официјалните и овластените ветеринари: Документи за идентификација и регистрација на животните, здравствени уверенија, записници, докумети во кланици, млекари, објекти за преработка и др.Меѓународни ветеринарни сертификати.

ИЗВЕДУВАЊЕ НА НАСТАВАТА

Теоретска настава: 2 часа неделно (30 часа)

Практична настава: 1 час неделно (15 часа)

МЕТОДОЛОГИЈА НА ПРЕДМЕТОТ

Теоретска настава: интерактивна (предавања во голема група со дискусија и ангажирање на студентите)

Практична настава: вежби и други облици на работа во помали групи

Семинарска работа: учење со користење стручна литература и интернет, изготвување семинарски труд (есеј/постер); презентација и дискусија за семинарската работа