1. Дефиниција на предметот: Сточарство

Сточарството е научна дисциплина која се занимава со изучување на потеклото, биолошките и физиолошките особини и технологиите на сместување и одгледување на главните врсти фармски животни: говеда, овци, кози, свињи, живина и коњи како и принципите и мерките за подобрување на нивните производни својства.

2. Предмет во ветеринарната едукација:

Сточарството е предклинички предмет.

3. Цел на предметот:

Главната цел на предметот е да ги запознае студентите со основните биолошки, морфолошки и производни карактеристики на главните раси и производни типови на фармски животни кои се значајни за сточарското производство во нашата земја. Преку следење на наставата по овој предмет на студентите им се овозможува подобро да се запознаат со најважните фактори од кои зависи унапредувањето на главните сточарски гранки а кои се специфични за секоја фармска врста на животни поодделно, што има за крајна цел оспособување на идните доктори по ветеринарна медицина за примена на стекнатите знаења во практични услови.

4. Изведување на наставата:

Наставата се изведува во III и IV семестар со вкупно 120 часови од кои 60 се теоретска и 60 практична настава.

5. Методологија на предметот:

Теоретска настава – предавања на голема група со дискусија и ангажирање на студентите преку семинарски задачи проследени со нивна презентација и дискусија.

Практична настава – работа во помали групи во предавална и ангажирање на студентите преку проектни задачи но исто и посета на фарми заради практично запознавање со најважните раси на фармски животни, начинот на нивно сместување, технологијата на одгледување и експлоатација.