1. ДЕФИНИЦИЈА НА ПРЕДМЕТОТ: Патофизиологија

Патофизиологијата е медицинска дисциплина која се занимава со нарушувањата на функциите на органите и органските системи.

2.ПРЕДМЕТ ВО ВЕТЕРИНАРНАТА ЕДУКАЦИЈА

Патофизиологијата е базичен предмет.

3.ЦЕЛ НА ПРЕДМЕТОТ

Патофизиологијата се надоврзува на стекнатите знаења од предклиничките наставни дисциплини: хемија, биофизика, биологија на клетка, биохемија, анатомија, хистологија, ембриологија, исхрана, физиологија, микробиологија и имунологија, и паралелно со изучувањето на наставните дисциплини од патологија, фармакологија и токсикологија и паразитологија. Предмет на патофизиологијата се механизмите и начините на настанувањето на патолошките процеси (патогенеза), почнувајќи од ниво на молекула, клеточно, ткивно и оргнаско ниво, ниво на органски систем, до ниво на организмот во целина. Со патофизиологијата студентите се воведуваат во изучувањето на клиничките предмети кои се значајни за совладување на студиите по ветеринарна медицина.

Предмет на практичната настава се лабораториските методи за утврдување на прмените што настануваат при патофизиолошките процеси (клиничка патологија): хематологија, промени во крвната плазма односно серум (метаболички профил), промени во кардиоваскуларниот, гастроинтестиналниот и респираторниот систем, клиничка ензиматологија, тестови за одредување на хепатоцелуларно оштетување и хепатичка дисфункција, на промени на егзокрин панкреас, бубрежна дисфункција, уринализа, ендокринолошки тестови, Комптон тест, имунологија на тумори, типизирање на крвни групи, основи на клиничката цитологија.

4.ИЗВЕДУВАЊЕ НА НАСТАВАТА

Наставата се изведува во V и во VI семестар, со вкупен број на 120 часови од кои 60 часа се теоретска настава и 60 часа се прaктична настава за студентите.

5.МЕТОДОЛОГИЈА НА ПРЕДМЕТОТ

Теоретска настава: интерактивна (предавања во голема група со дискусија и ангажирање на студентите).

Практична настава: Запознавање со хематолошките, клиничко-патолошките и цитолошките лабораториски методи. Презентирање и толкување на лабораториски резултати, со дискусија за нив.

Семинарска работа: изготвување на семинарски труд, презентација и дискусија на истиот.