Предмет микробиологија

1. ДЕФИНИЦИЈА НА ПРЕДМЕТОТ

Ветеринарната микробиологија е наука која ги запознава студентите со основите на биологијата, физиологијата и патологијата на три вида микроорганизми (вируси, бактерии и габи) и протеинските инфективни честички – прионите.

2.ПРЕДМЕТ ВО ВЕТЕРИНАРНАТА ЕДУКАЦИЈА

Базичен предмет.

3.ЦЕЛ НА ПРЕДМЕТОТ

Главна задача на теоретскиот дел од предметот е да ги запознае студентите со основните знаења за патогените микроорганизми, што е неопходен предуслов за понатамошниот тек од неговото студирање каде истите ќе се изучуваат од аспектот на болестите кои тие ги предизвикуваат кај животните. Исто така, со презентирање на микробната генетика и особено генетскиот инжињеринг, студентите ќе се запознаат со користењето на микроорганизмите во овој интересен и се повеќе користен сегмент од науката.

Вежбите имаат за цел да ги запознаат студентите со основните лабораториски техники за детекција и дијагноза на гореспоменатите видови микроорганизми како и со принципите на дијагностицирање на најважните болести кај поеденитите видови на домашни животни од теренски и лабораториски аспект.

4.ИЗВЕДУВАЊЕ НА НАСТАВАТА

Наставата се изведува во III и IV семестар, со вкупен број на 120 часови (60 часови теоретска а 60 часа практична настава).

5.МЕТОДОЛОГИЈА НА ПРЕДМЕТОТ

Теоретска настава: интерактивна (предавања во голема група со дискусија и ангажирање на студентите).

Практична настава: се изведува во Лабораторијата за микробиологија во помали групи каде студентите самостојно изведуваат најразлични методи за дијагноза на микроорганизмите.

Предмет имунологија

1. ДЕФИНИЦИЈА НА ПРЕДМЕТОТ

Ветеринарната имунологија е наука која ги запознава студентите со основите на имунолошкиот систем и принципите на одбраната на организмот против туѓите материи.

2.ПРЕДМЕТ ВО ВЕТЕРИНАРНАТА ЕДУКАЦИЈА

Базичен предмет.

3.ЦЕЛ НА ПРЕДМЕТОТ

Овој предмет ги изучува основните принципи и механизми врз кои се базира имунолошкиот систем и имунолошкиот одговор кај животните и луѓето. Особена важност е дадена на механизмите со кои вродениот и стекнатиот одн. хуморалниот и клеточниот имунолошки одговор на организмот, реагира на инфекцијата со патогените микроорганизми. Освен тоа, се изучуваат и принципите на вакцинација, трансплантација, туморската имунологија како и имунопатологијата, која ги вклучува алергиите, автоимуните заболувања и имунодифициенциите.

Вежбите имаат за цел да ги запознаат студентите со основните имунолошки техники за детекција и дијагноза на инфективните болести.

4.ИЗВЕДУВАЊЕ НА НАСТАВАТА

Наставата се изведува во III семестар, со вкупен број на 30 часови (20 часови теоретска а 10 часа практична настава).

5.МЕТОДОЛОГИЈА НА ПРЕДМЕТОТ

Теоретска настава: интерактивна (предавања во голема група со дискусија и ангажирање на студентите).

Практична настава: се изведува во Лабораторијата за микробиологија во помали групи каде студентите се запознаваат со практичните аспекти на методите за имунолошка дијагноза на болестите.