Катедрата за Функцинална морфологија се состои од 3 предмети:

Анатомија на животните
Хистологија и Ембриологија
Физиологија на животните

АНАТОМИЈА НА ЖИВОТНИТЕ
1. ДЕФИНИЦИЈА НА ПРЕДМЕТОТ:

Добивање на знаења за макроскопската градба на организмот кај домашните животни

2. ПРЕДМЕТ ВО ВЕТЕРИНАРНАТА ЕДУКАЦИЈА:

Базичен предмет во ветеринрната медицина

3. ЦЕЛ НА ПРЕДМЕТОТ

Целта на предметот Анатомија на животните е да ги запознае студентите со морфолошката градба на цицачите(коњ, говедо, овца, коза, куче, маче) како и домашната живина(кокошки) како основна подготовка на студентите кои потоа би можеле да ја следат физиологијата и патологијата ка животните во текот на студиите.

4. ИЗВЕДУВАЊЕ НА НАСТАВАТА

Наставата се изведува во I, II и VI семестар , со вкупен број на 315 часови од кои 270 се во првите два семестра (60 часа се теоретска настава и 75 часа се пректична настава) и 45 часови за VI семестар (15 се теоретска настава и 30 часа се пректична настава)

5. МЕТОДОЛОГИЈА НА ПРЕДМЕТОТ

Предавањата се изведуваат во амфитетар со примена на слики, дијапозитиви, и видео проекции со примена на видео бим презентации. Практичната настава се изведува во секциона сала на целосни кадавери(кучиња, мачки, прасиња), делови од телото(екстремитети, глава, врат) како и на пластинирани модели од внатрешни органи од различни видови на животни.

ХИСТОЛОГИЈА И ЕМБРИОЛОГИЈА

Дефиниција: стекнување на знаење за општите закономерности и процеси во ембриологијата и микроскопската градба на ткивата и органите (хистологија) кај домашните животни.

Место (позиција) на предметот: Базичен предмет

Цел на предметот: Основната цел на изучувањето на предметот Хистологија со ембриологија е студентите да се запознаат со општите закономерности и процеси на растење, оформување, клеточна диференцијација на организмите за време на нивниот ембрионален развој (општа ембриологија); микроскопската градба на основните ткива (општа хистологија) и органи (специјална хистологија) на домашните животни. Со тоа ќе се постигне подобро разбирање на останатите содржини во рамките на научната област функционална морфологија, но исто така, претставува солидна основа за понатамошно изучување и подобро разбирање на патолошките промени кои се јавуваат при различни болести кај домашните животни.

Изведување на наставата: предметот се слуша во I и II семестар со фонд на часови 15+15 (први семестар) и 30+45 (втори семестар).

Методологија на предметот: Теоретска настава: интерактивна со користење на поњер поинт презентации (предавања во голема група со дискусија и ангажирање на студентите)

Практична настава: вежбите се изведуваат во микроскопската училница (облици на работа во помали групи).

ФИЗИОЛОГИЈА НА ЖИВОТНИТЕ
1. ДЕФИНИЦИЈА НА ПРЕДМЕТОТ

Оваа наука го добива својот назив по старогрчките зборови „физис“ (φύσις) „природа, потекло“ и „логиа“ (λογία) „наука“ Физиологијата е биолошка наука, која ги проучува нормалните функции на клетките, органите, апаратите и системите во здравите организми. Таа ги проучува животните процеси и нивната меѓусебна врска при различни услови на околината и различни состојби на организмот.

2.ПРЕДМЕТ ВО ВЕТЕРИНАРНАТА ЕДУКАЦИЈА

Физиологијата е базичен предмет.

3.ЦЕЛ НА ПРЕДМЕТОТ

Предметот има важно место во ветеринарната наука. Основа за изучување на физиологијата се предметите: биохемија, биологија, анатомија, ембриологија, хистологија. Таа дава основа за изучување на патофизиологијата, микробиологијата, имунологијата, фармакологијата, токсикологијата, патохистологијата, интерната медицина и другите клинички предмети. Со практичната настава се изучуваат стандардни лабораториски методи кои се применуваат во хематологијата, урологијата, пневмологијата, неврологијата и други клинички испитувања, со кои студентите стекнуваат основни познавања за практичната примена на основните познавања од физиологијата во применетата ветеринарна медицина.

4.ИЗВЕДУВАЊЕ НА НАСТАВАТА

Наставата се изведува во III и IV семестар, со вкупно 195 часови (75+120), од кои во третиот семестар се вклучени 45 за теоретска и 30 за практична настава, а за четвртиот семестар 60 за теоретска и 60 за практична настава.

5.МЕТОДОЛОГИЈА НА ПРЕДМЕТОТ

Теоретска настава: Интерактивна (предавања во голема група со дискусија и ангажирање на студентите).

Практична настава: Се изведува во Лабораторијата за хемија, биохемија и физиологија (линк за сликите) во помали групи каде студентите самостојно изработуваат тестови за различни телесни течности (крв, урина), и вршат набљудување и истражување на одредени физиолошки однесувања на животните (мерење на пулс, слушање на срцеви тонови, мерење на крвен притисок, следење на респирација, мерење на фрекфенција на дишење, набљудување на актот на преживање, мерење на бурагови контракции, испитување на нервни рефлекси, и итн.).

Семинарска работа: Изработување на студентски семнираски трудови преку користење на стручна литература, и негова презентација пред работната групa.