ФАРМАКОЛОГИЈА
1. ДЕФИНИЦИЈА НА ПРЕДМЕТОТ: Фармакологија

Фармакологијата во најширока смисла е наука за лековите. Поточно таа се дефинира како наука за супстанциите кои реагираат со живите системи, односно како наука за супстанциите кои се применуваат за спречување, дијагностицирање и лекување на болестите, или со еден збор како научна дисциплина која го проучува меѓусебното дејство на лековитите супстанции и живиот организам, со основна цел да се унапреди лекувањето на болниот човек или животно.

2.ПРЕДМЕТ ВО ВЕТЕРИНАРНАТА ЕДУКАЦИЈА

Фармакологијата е базичен предмет.

3.ЦЕЛ НА ПРЕДМЕТОТ

Главна задача на предметот е да ги запознае студентите со структурата, начинот на дејствување и фармакокинетиката на поедините групи на ветеринарни лекови; научната основа за безбедната и ефикасна нивна употреба; етичките, еколошките импликации и импликациите врз човековото здравје од употребата на ветеринарните лекови за студентот да може да го демонстрира своето знаење и разбирање од фармакологијата како основа за проучување и практикување на клиничката ветеринарна медицина. Преку практичната настава од предметот студентите се запознаваат со начинот на препишување на лековите (рецептурата), различните облици на лекови и нивните карактеристики, изворите на податоци за лиценцираните лекови и др. Исто така преку практичната настава се илустрираат некои апстрактни теоретски концепти преку едноставни лабораториски експерименти.

4.ИЗВЕДУВАЊЕ НА НАСТАВАТА

Наставата се изведува во V и VI семестар, со вкупен број на 135 часови од кои 75 часа се теоретска настава и 60 часа се пректична настава за студентите.

5.МЕТОДОЛОГИЈА НА ПРЕДМЕТОТ

Теоретска настава: интерактивна (предавања во голема група со дискусија и ангажирање на студентите). Практична настава: се изведува во Лабораторијата за фармакологија и токсикологија во помали групи каде студентите се запознаваат со рецептурата, облиците на ветеринарни лекови и нивните карактеристики, самостојно изведуваат едноставни лабораториски експерименти и интерактивно учествуваат во објаснување на ефектите на поедини групи на лекови, принципот на нивно делување и совладување на материјалот. Семинарска работа: изготвување на семинарски труд, презентација и дискусија на истиот.

ВЕТЕРИНАРНА ТОКСИКОЛОГИЈА
1.ДЕФИНИЦИЈА НА ПРЕДМЕТОТ: Ветеринарна токсикологија

Токсикологијата во поширока смисла на зборот е наука за отровите. Поточно таа ги изучува штетните ефекти на различните отровни супстанции врз организмот на животните и луѓето.

2.ПРЕДМЕТ ВО ВЕТЕРИНАРНАТА ЕДУКАЦИЈА

Ветеринарна токсикологија е клинички предмет.

3.ЦЕЛ НА ПРЕДМЕТОТ

Главна задача на предметот е да ги запознае студентите со главните принципи на ветеринарната токсикологија: структурата, начинот на дејствување и фармакокинетиката на отровните материи; патогенезата, клиничката дијагностика и лекувањето на отруените животни; етичките, еколошките импликации и импликациите врз човековото здравје од употребата на потенцијалните отровни материи; проценувањето на продуктите од животинско потекло контаминирани со отровите и др. за студентот да може да го демонстрира своето знаење и разбирање од ветеринарната токсикологија како основа за проучување и практикување на клиничката ветеринарна медицина. Преку практичната настава од предметот студентите се запознаваат со: различните групи на отрови и нивните карактеристики, можните извори на труење, постапката со отруените животни и антидотите, земањето и праќањето на материјалот за хемијско-токсиколошка анализа, начинот на безбедно складирање и безбедно одстранување на отровите. Исто така со практичната настава се илустрираат некои апстрактни теоретски концепти преку едноставни лабораториски експерименти.

4.ИЗВЕДУВАЊЕ НА НАСТАВАТА

Наставата се изведува во IX семестар, со вкупен број на 30 часови од кои 15 часа се теоретска настава и 15 часа се пректична настава за студентите.

5.МЕТОДОЛОГИЈА НА ПРЕДМЕТОТ

Теоретска настава: интерактивна (предавања во голема група со дискусија и ангажирање на студентите). Практична настава: се изведува во Лабораторијата за фармакологија и токсикологија во помали групи каде студентите се запознаваат со различните групи на отрови и нивните карактеристики, самостојно изведуваат едноставни лабораториски експерименти и интерактивно учествуваат во објаснување на ефектите на поедините отрови, принципот на нивно делување и совладување на материјалот. Семинарска работа: изготвување на семинарски труд, презентација и дискусија на истиот.