1. Дефиниција предметот: Болести на птиците

Болести на птиците е научна дисциплина која им помага на студентите да се стекнат со основни знаења за болестите на птиците и контролата на ширење на истите, како и со основните принципи на интензивното живинарско прозиводство и неговото влијание врз здравјето на живината.

2. Предмет во ветеринарната медицина

Болести на птиците е клинички предмет.

3. Цел на предметот

Основна цел на предметот е да им обезбеди на студентите по ветеринарна медицина потребен квантум на знаење за здравјето и болестите кај домашната живина и другите птици кои можат економски да се искористуваат. Посебен акцент е ставен на запознавање и совладување на основните принципи на индустриското живинарско производство, како и дијагностиката, превентивата и сузбивањето на болестите кај живината. Целта на практичната настава е студентите да се запознаат со правилниот начин на одгледување на живината и со основите на клиничкото и лабораториското испитување со цел постигнување на правилна дијагноза.

4. Изведување на наставата

Наставата се изведува во десетти (Х) семестар, со вкупен број на 90 часови од кои 45 часа се теоретска настава и 45 часа се практична настава за студентите.

5. Методологија на предметот

Теоретска настава: интерактивна (предавања во голема група со дискусија и ангажирање на студентите) Практична настава: лабораториски вежби и други облици на работа во помали групи, посета на живинарски фарми. Семинарска работа: учење со користење стручна литература и интернет, изготвување семинарски труд (есеј/постер); презентација и дискусија за семинарската работа.