1. ДЕФИНИЦИЈА НА ПРЕДМЕТОТ: Биохемија

Биохемијата е наука која ги запознава студентите со основните закони на хемијата и физиката, применети во системите на живата клетка, односно запознавање со хемиските процеси во живиот организам.

2.ПРЕДМЕТ ВО ВЕТЕРИНАРНАТА ЕДУКАЦИЈА

Биохемијата е базичен предмет.

3.ЦЕЛ НА ПРЕДМЕТОТ

Главна задача на предметот е да ги запознае студентите со структурата и функцијата на биолошките макромолекулите како основен градбен супстрат на живата клетка, преку биохемиско објаснување на физиолошките процеси. Во наставата се обработуваат и регулацијата и интеракцијата на метаболичките процеси.

Во текот на практичната лабораториска работа студентите се стекнуваат со базични искуства во експериметалната работа со биолошки материјали, при што посебно е обработен основниот приод на безбедност кон земање на материјал за анализа и заштита на аналитичарот. Студентите се запознаваат со основни аналитички биохемиски методи важни во ветеринарната медицина (електрофореза, различни хроматографски техники, кинетички методи, спектрофотометрија, ЕЛИСА, ПЦР и др.), како и инструменти кои се користат во лабораторијата.

4.ИЗВЕДУВАЊЕ НА НАСТАВАТА

Наставата се изведува во ИИ семестар, со вкупен број на 120 часови од кои 60 часа се теоретска настава и 60 часа се пректична настава за студентите.

5.МЕТОДОЛОГИЈА НА ПРЕДМЕТОТ

Теоретска настава: интерактивна (предавања во голема група со дискусија и ангажирање на студентите).

Практична настава: се изведува во Лабораторијата за хемија, биохемија и физиологија (линк за сликите) во помали групи каде студентите самостојно изведуваат најразлични типови на реакции и интерактивно учествуваат во објаснување на принципот на реакциите, разбирање на различните методи на испитување и совладувањена материјалот.

Семинарска работа: изготвување на семинарски труд, презентација и дискусија на истиот.

БИОЛОГИЈА НА КЛЕТКА
1.ДЕФИНИЦИЈА НА ПРЕДМЕТОТ: Биологија на клетка

Биологијата на клетка е наука која им помага на студентите да стекнат знаења за структурата и функцијата на клетката.

2.ПРЕДМЕТ ВО ВЕТЕРИНАРНАТА ЕДУКАЦИЈА

Биологијата на клетка е базичен предмет.

3.ЦЕЛ НА ПРЕДМЕТОТ

Целта на изучување на Биологјата на клетка е запознавање со воведните и основни сознанија за основната структурна и функционална единка на живиот организам – клетката. Студентите ги изучуваат субклеточните структури, нивната градба и функција, како и нивната меѓусебна поврзаност во функционирањето на клетката и живиот организам. Во материјалот е разработена е и градбата на хромозомот како вовед во генетиката.

Практичната работа овозможува на студентите да се запознаат со принципите и начинот на микроскопирање.

4.ИЗВЕДУВАЊЕ НА НАСТАВАТА

Наставата се изведува во И семестар, со вкупен број на 60 часови од кои 30 часа се теоретска настава и 30 часа се пректична настава за студентите.

5.МЕТОДОЛОГИЈА НА ПРЕДМЕТОТ

Теоретска настава: интерактивна (предавања во голема група со дискусија и ангажирање на студентите).

Практична настава: се изведува во Микорскопска училница (линк за сликите) во помали групи каде студентите самостојно микроскопираат и интерактивно учествуваат во совладувањена материјалот.

Семинарска работа: изготвување на семинарски труд, презентација и дискусија на истиот.