Проф. д-р Зехра Хајрулаи-Муслиу
Тел: ++ 389 2 3240 760
 

Во функција на остварување на целите на Факултетот од аспект на постдипломските студии (магистерски и докторски студии), продеканот за наука, ги врши следниве работни задачи:

Организација на студиите

  • образовни барања во однос на задолжителните, изборните и факултативните предмети и односот меѓу теоретската и практичната настава;
  • застапување на академските принципи при донесување на студиските и предметните програми од втор и трет циклус;
  • координација на работните групи при подготвување на студиските програми за магистерски и докторски студии (втор и трет циклус на студии);
  • врши и други работи во функција на наставата на втор и трет циклус на студии.

Настава и студирање

  • следење на примената на студиските и предметните програми (предавања, семинари, вежби, консултации, клиничка настава) за магистерски и докторски студии (втор и трет циклус на студии);
  • следење на методите на студирање (индивидуална работа и тимска научноистражувачка работа со студентите).

Оцена на студиите

  • методи на проверка на знаењата (испити, колоквиуми, семинарски трудови, тестови и сл.);
  • континуирано следење на знаењата.

Врши и други работи утврдени со закон, Статутот и општите акти на УКИМ и актите на Факултетот.