Проф. д-р Игор Улчар
Тел: ++ 389 2 3240 727
 

Во функција на остварување на целите на Факултетот од аспект на наставата и студирањето, продеканот за настава ги врши следниве работни задачи:

Организација на студиите

  • образовни барања во однос на задолжителните, изборните и факултативните предмети и односот меѓу теоретската и практичната настава;
  • застапување на академските принципи при донесување на студиските и предметните програми;
  • координација на работните групи при подготвување на студиските програми за прв циклус студии;
  • врши и други работи во функција на наставата на прв циклус студии.

Настава и студирање

  • следење на примената на студиските и предметните програми ( предавања, семинари, вежби, консултации, клиничка настава);
  • следење на методите на студирање (индивидуална работа и тимска работа со студентите);
  • подготовка на податоци за ангажираноста на наставно-научните работници и соработниците, на почетокот на секој семестар, како основа за подготовка на решенија за плата

Оцена на студиите
  • методи на проверка на знаењата (испити, колоквиуми, семинарски трудови, тестови и сл.);
  • континуирано следење на знаењата.


Врши и други работи утврдени со закон, Статутот и општите акти на УКИМ и актите на Факултетот.