Проф. д-р Лазо Пендовски
Тел.: ++ 389 2 3240 728
 

Деканот е раководен орган и го застапува и претставува факултетот во земјата и во странство во согласност со Статутот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” во Скопје.
Деканот, во рамките на вршењето на својата раководна функција:

  • ги извршува одлуките и заклучоците на Универзитетскиот сенат и ректорот на Универзитетот;
  • ги спроведува овластувањата пренесени од ректорот согласно со овој Статут;
  • ги извршува одлуките и заклучоците на наставно-научниот совет и деканатската управа;
  • се грижи за усогласено вршење на високообразовната, научноистражувачката и применувачката, односно апликативната дејност;
  • ги свикува седниците на наставно-научниот совет и деканатската управа, го предлага дневниот ред и претседава со нив;
  • ги подготвува и предлага актите и материјалите за прашања за кои одлучува деканатската управа;
  • на наставно-научниот совет му поднесува предлози на одлуки и заклучоци за прашањата чие разгледување и решавање е во негова надлежност;
  • распишува конкурс за избор на лица избрани во наставно-научни, научни и соработнички звања, шест месеци пред истекот на времето за кое се избрани;
  • ги промовира дипломираните студенти и доделува награди;
  • донесува одлуки за јавни набавки што се во надлежност на раководниот орган, согласно со Законот за јавни набавки и актите на Универзитетот;
  • именува и разрешува раководители на институтите по предлог на Научно-стручиот совет;
  • управува со имотот на факултетот и се грижи за неговото одржување, во рамките на овластувањата определени со Статутот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” во Скопје и со овој Правилник и
  • иницира соработка со сродни установи во земјата и во странство;
  • покренува иницијатива за предвремен престанок на изборот во звање;
  • потпишува уверенија и други документи што се издаваат за студентите во текот на студиите и по дипломирањето;
  • одлучува за правата и обврските од работен однос кои не се во надлежност на органите на Универзитетот и Факултетот;
  • го потпишува договорот за вработување на лицата избрани во звања заедно со ректорот;
  • одлучува по барањата на студентите доколку не е поинаку уредено со актите на Универзитетот;
  • врши и други работи согласно со закон, овој Статут и правилникот на факултетот.