Визија

Факултетот за ветеринарна медицина во Скопје (ФВМС) тежнее да биде меѓународно конкурентна акредитирана лабораторија која извршува лабораториски тестирања поврзани со контрола на безбедноста на храната, здравствената заштита на животните како и нивната благосостојба во Р. Македонија. Акредитираните лаборатории на ФМВС се стремат да бидат и “Национална Референтна Лабораторија” за контрола на безбедност на храна и мониторинг на резидуи, зоонози и антимикробиолошка резистентност како што е предвидено во регулативата EC/882/2004. ФВМС на клиентите ќе им дава веродостојни резултати за сите мостри кои се тестираат во рамките на истиот, во согласност со најновите национални и меѓународни стандарди и законски регулативи. ФВМС ќе оддржува високо ниво на доверливост кон клиентите за резултатите од тестирањето, како и високо ниво на давање услуги во зависност од потребите на клиентите.

Мисија

ФВМС како високо-научна образовна инситуција со високо стручен кадар и најсовремена опрема има капацитет да дава квалитетни и високо професионални услуги во областа на ветеринарната медицина, како во делот на лабораториските тестирања, така и во делот на образовните процеси. Персоналот на ФВМС е ориентиран кон навремено, професинално, непристрасно, доверливо и компетентно задоволување на барањата на клиентите, а во рамките на своите надлежности и законски норми.