Факултетот за ветеринарна медицина во Скопје (ФВМС) се стреми да биде водечка организација во областа на ветеринарната медицина во Р. Македонија. Таа цел ќе ја реализира преку континуирано одржување и унапредување на научно инстражувачката работа, одржување на статус на референтна лабораторија во различни области, стандардизација и воведување на нови методи на испитување, добра клиничка и лабораториска пракса и дисеминација на знаењето и постигнатите резултати преку најразлични образовни процеси.

Политиката за квалитет ќе биде реализирана преку следниве начела:

• Професионален пристап во работењето и почитување на етичкиот кодекс
• Постојана комуникација и одржувања на партнерски однос со корисниците на услуги што ќе доведe до исполнување на нивните барања во целост, а во согласност со законскита регулативи, стандардите и добрата лабораториска пракса.
• Континуирано подобрување на методите за тестирање со користење и разој на нови методи и технологии и учество во споредбени тестирања, а со цел да се осигура веродостојноста и точноста на резултатите и да се прошири опсегот на акредитација.
• Користење на опрема и потрошниот материјал со дефиниран квалитет и рационално користење на ресурсите.
• Одржување на високо ниво на доверливост према добиените информации и резултатите на клиентите, како и одржување на принципот на непристрасност и независнот во работењето.
• Подобрување на компетентноста на вработените преку континуирани обуки во институцијата и други реномирани релевантни институции во земјава и странство. Тимска работа, споделување на стекнатото знаење и можност за афирмација на секој вработен.
• Одржување на определеноста за квалите на сите нивоа на ФВМС.

• Оваа политика за квалитет ФВМС ќе ја реализира преку воспоставен систем за квалитет, а согласно барањата на стандардот „MКС EN ISO/IEC 17025 : 2006”.

За спроведување на оваа политика одговорни се сите вработени на ФВМС.

ДЕКАН
проф. д-р Лазо Пендовски